Медиуми
*Записите се хронолошки распоредени – од најстари до најнови.
Окно | Темплум
[Ненад Јолдески е добитник на наградата Новите за 2009]
Од 17-те пристигнати ракописи збирката раскази на Ненад Јолдески се издвои со своите литературни квалитети. Освен што жирито смета дека овој ракопис беше најквалитетен во однос на понудените, исто така сметаме дека збирката раскази на Јолдески е значителна и интригантна појава и надвор од конкретниот конкурс, во контекст на целата македонска проза.
Сметаме, значи, дека Ненад Јолдески не е само вистинско откритие на овогодинешниот конкурс туку дека неговото прво печатено појавување е важен настан и за македонската книжевност. Неговата проза е мошне свежа и духовита и навистина убедливо зборува за појавувањето на исклучително талентиран млад писател.
Најинтересното кај Јолдески е што во неговите раскази совршено се преплетуваат традиционалното и, би рекле дури, хипермодерното. Мекиот, речиси „битов“ реализам се вкрстува со некои мошне современи „постмодерни“ книжевни постапки (интересни се, на пример, реферирањата на важните претходници: Чачански, Крле, Константин Миладинов, Чехов…).
Расказите најчесто се минималистички сведени. Авторот ја поседува дарбата текстот да го прочисти од сето она што би го оптоварувало, па затоа не се соочуваме со претерувања и застранувања од она што е главен тек на приказната. Иако некои од расказите на прв поглед делуваат адегдотално, функционалноста на раскажување и хуморот ги ослободуваат од можната баналност. Јолдески има одлично чувство за заокруженост и целовитост на приказната, без разлика на нејзината должина или тема.
Ненад Јолдески е автор кој сосема опуштено, би можеле да речеме во кроки манир, ни ја скицира реалноста што нè опкружува, при што во неговите раскази поминуваат многубројни необични, гротескни, но истовремено и за нашиот контекст препознатливи ликови. Сите тие се портретирани во стилот на добродушен хуморист кој се насмевнува на човечките слабости и откачености со хумана и емпатична насмевка.
На ниво на јазикот, исто така, дијалектот, сленгот и литературниот македонски се ставени во мошне суптилни созвучја. При сета таа стилска слоевитост крајниот резултат не изгледа вештачки и исфорсирано туку совршено складно: книжевните алузии се ставени во функција на непретенциозните и мошне духовити драмски ситуации од секојдневниот живот, што придонесува питките раскази (без ронка баналност!, што е ретка вештина) на Јолдески да течат со леснотија и да се читаат со пријатна топлина околу срцето.
Уште еднаш честитајќи му ја наградата на авторот, им се заблагодаруваме и на сите други учесници на овогодинешниот конкурс кои заедно со наградениот автор придонесоа да имаме квалитетен конкурс.
Благодарност упатуваме и кон генералниот спонзор на наградата „Новите“ – „Комерцијална банка, А.Д. Скопје”, која традиционално, веќе четврта година по ред го поддржува доделувањето на наградата.
* * *
Глобус | Вентилатор
[Метафори на тишината]
* * *
Букбокс | Илина Јакимовска – Online demo збикра поезија.
* * *
Скопје Филм Фестивал| Награда за најдобар аматерски краток филм
Статуетката за најдобар аматерски филм
(дел од сталата калдарма на скопскиот плоштад)
* * *
Клуб 360 – Месечник на Т-mobile| Секој со своето езеро
кликни на сликата за zoom
![]()
* * *
Дневник - Мемоари на еден млад човек
„Штамата на Енхалон“ е збирка симпатични кратки текстови или, ако сакате, наречете ги и раскази. Пишувани се во прво лице еднина со поднаслов мемоари и тука почнува првобитното љубопитство, зашто не среќаваме многу често мемоари потпишани од млад човек на 24-25 години. Но, токму „младоста“, која во секоја смисла избива од симпатичното дело на Јолдески, му ја донесе наградата „Новите“, која подразбира промоција на нови автори и свежи идеи и ракописи.
„Штамата на Енхалон“ содржи 25 раскази напишани на струшки дијалект, со голема доза хумор, досетливост и луцидност. Јолдески или неговото литерарно алтер его Везденски пишува за реални работи од секојдневниот живот и притоа не претендира да ги обликува во некаков литературен јазик, туку отворено се служи со секојдневниот говор, со изреките, па дури и со пцовките, кои се ставени во функција на автентичноста на настаните одиграни главно на струшка почва. Тоа се младешки и лични доживувања од средношколските денови, од студиите, од цимерските лудории и долгите пијанки. Во една таква констелација читателот може лесно да се внесе, па понекогаш и да се препознае, затоа што приказните имаат отворена врата или отворен влез. Напати и самиот автор свесен за значењето на читањето, користејќи го директното обраќање или директниот говор, му се обраќа на читателот и отворено го кани истиот тој читател да учествува во случките, па макар и како набљудувач, скриен некаде настрана, во некоја нива. А кога ќе се влезе во еден таков расказ на крај има и предупредување или излез: „…чекај да вида подобро..да, тој е… чуварот. Екрем се викат. Многу е лош… бегај мор шо чекаш, уште некоја реченица на ражен“.
Од една страна се лежерноста во пишувањето, хуморот и гротеската, но, од друга страна, видлива е и „поткованоста“ на младиот писател, кој поседува широко познавање на книжевноста, на модерните текови и книжевни форми, на постмодерните постапки, интертекстуалноста, алузиите и дијалогот со „претходниците“: Чачански, Крле, Чернодрински, Пушкин, Лорка, Чехов. Текстовите во „Штамата на Енхалон“ се ненаметливи и забавни раскази кои брзо се читаат, а од читателот не бараат поголем напор, иако тоа не значи дека треба да ги читате летешкум. Тие се кратки, речиси кроки цртежи на нашето банално секојдневие, но и скица за еден поинаков Енхалон или една поинаква Струга. Ова е дебитантски ракопис на Јолдески, кој во одредена мера и покрај „младешкото“ како заштитен знак, поседува зрелост на некој кој веќе знае како да ја привлече читателската публика. Таквото искуство најверојатно е собрано од долгата активност на македонската блогосфера, каде што расказите всушност ги добија и своите први читатели уште пред да бидат „заробени на хартија“.
Александра Јуруковска


















![Статуетката за најдобар аматерски филм (дел од сталата калдарма на скопскиот плоштад) [13 Skopje-Film-Festival]](http://joldeski.com/wp-content/uploads/2010/04/sff.jpg)





