twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Група Wezdensky

 

Групата Wezdensky е неформална група, формирана во јули 2009 година во Струга. Дејствува на полето на културата во контекст на особеностите на град Струга, а во релација со современите пристапи на уметноста. Нејзината главна цел е подигање на уметноста и културата, кои од година во година, се повеќе биваат затрупана во калта на политиката и малограѓанштината. Групата вклучува активности од поширокиот уметнички спектар.

Основачи на групата Wezdensky се: Ненад Јолдески, Тина Тодороска Петреска, Ѓорѓи Крстески, Светле Нестороска, Горан Ристовски и Никола Матоски.

 

Инсомниа 2010

Првата продукција на групата беше „Ајштајновите сништа“ (2009) – адаптација на делото на Ален Лајтман, одржана во јули, 2009 година во кафе „Калабалак”.

Вториот продукт на групата беше култната „Инсомниа“ на Димитрие Дурацовски (2010). Претставата беше изведена на Летната културна сцена при домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга и тоа во режија на Климент Попоски, сценарио на Ненад Јолдески, продукција на Тина Тодороска Петреска и сценографија на Климентина Јаулеска. Во претставата играа 14 актери. Инсомниа беше адаптирана како претстава во кратки резови кои го следеа автофиктивниот живот на Дурацовски преку кој главен акцент беше ставен на провинцијата, маргините и на тоа како еден мал град како Струга успева да опстои во денешниот свет. Претставата „Инсомниа“, како и самата книга, претставуваше еден постмодерен колаж кој го следеше инсомничниот свет на авторот во период од една година.

Инсомниа 2010

Годината 2011 група Wezdensky ја постави театарската адаптацијата на извонредниот расказ на Данил Хармс „Старица“ на сцената при Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга. Во оваа претстава една ужасна и одвратна старица има чудна власт над главниот јунак. Така и започнува неговиот реален кошмар преплетен со таинствени исчезнувања, несреќни случки, гротескни слики, неверојатни настани и различни апсурдни ситуации.

Улоги: Пеце Клечкароски, Анастас Гоџоски, Мартина Димиќ, Сања Котевска, Христијан Томаноски, Бисера Јованоска, Илија Димоски, Боро Јакимоски и Горан Ристовски.

Адаптација: Ненад Јолдески

Сценографија: Ѓорѓи Крстески

Режија: Ѓорѓи Крстески и Ненад Јолдески

                     Станете фан на група Wezdensky!!!

Остави коментар