Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Оганот не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго, уште потопло и поопасно, и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, огнот продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не сакајќи да му противречи на лудоста, го слушаше како дете. Сите знаевме дека огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој од нас не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави. Continue Reading
Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме да спијам на раат. Беше упорна. „Тоа се мои раскази!“ извикуваше, „Мои, не негови!“ Ја гледав бледо и заспано. „Ти работиш во банка.“ и реков, „Да не си се помешала со фактурите.“ Се возбуди уште толку. Почна да зборува нејасно за некакви изгубени раскази и за нејзиното форматирано усб кое го порнашала во џебот на мојот татко. Потем се изгуби некаде. Се обидов да заспијам но помислата за мојот татко и неговата наративна клепотманија колку што ме возбудуваше, толку и ме плашеше. Не успеав да заспијам повотрно. Му јавив.
На пладне ручав со него на една тераса на Дрим. Не му спомнав ништо за мајка ми. Го гледав како јаде. Со едната рака ја држеше вилушката и бодеше алчно на храната, додека со другата извади лист од џебот. Нов расказ. Рече дека сака искрено да му кажам што мислам за него. Се насемевнав. Беше насловен: Поплава. Помислив на мајка ми и започнав да читам. Continue Reading
на О.
Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата.
Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам на една песна од детството. Во куќата заедно со писмото влегуват смет и прашина. Се враќам на вториот кат.
Драг Кронос,
Се плашам да имам деца со вас. Сонувам
како ги јадете…
Риа
Гледам на ковертот. Улицата и бројот се точни. Градот, сосема погрешен. Поминувам од ходникот. Во огледалото се замислувам како стареам. Личам на татко ми… Бурата престанува и повторно се огласува ѕвоното. Continue Reading
Едно пладне кај мене дојде татко ми и тврдејќи дека го напишал краткиот расказ, кој што го приложувам подолу, со смеење ми го фрли на мојата работна маса и си замина. Еве го расказот.
Татко ми и часовникот
„ Се разбудив во сивилото на зората и исплашен (во потрага по сигурност, или можеби поради некоја сосема друга причина) сакав да се сокријам во плакарот. Го отворив големото бело крило. Слабата светлина ја допираше старата дрвена утроба. Мирисаше на стари алишта. Опиен од мирисот пробав да влезам. Се крена прашина и тогаш од плакарот испаднаа стотици часовници. Ги имаше секакви. Сите застанати токму на пладне. Тогаш како нивниот тресок да исплаши нечие отсуство, некој затропа на вратата. Ја отворив. Татко ми. „ Дојде време да ти подарам нов часовник. Еве.“ ми рече, а потем го стегна црниот каиш на мојата лева рака и исчезна. Легнав и продолжив да спијам.
Утрото ме разбуди алармот. Погледнав на раката. Часовникот од моето месечарење стоеше таму. Црн како бездна. Тогаш некој ја отвори вратата. „ Опа, од кај ти бе сатот?“ извика татко ми. Се правеше дека ништо не знае. Го гледаше и го допираше часовникот со воодушевување Continue Reading















