twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Оган

2

Category : ракописот на деновите, раскази

Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Оганот не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго, уште потопло и поопасно, и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, огнот продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не сакајќи да му противречи на лудоста, го слушаше како дете. Сите знаевме дека огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој од нас не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави.  Continue Reading

Магла

2

Category : ракописот на деновите, раскази

Скопје. Корегиран дискурс.

Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои книгата за Бројгел која ја позајмив. Се присетувам на „Падот на Икар“. Чудно е, но не можам да си го споменам Бројгел, а на неговото име како асоцијација да не ми се закачи и Вилијамс.

„ According to Brueghel
when Icarus fell
it was spring. “ Continue Reading

Допир*

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Не спие со денови
градот магичен
толку тивок
подлегнат на снегот
голема ладна комора
сѐ се умртвило
во пауза

Не спие со денови
ветерот
толку тивок, суров…
го гледам удира во прозорецот
го виори парчето од нејзиниот црвен фустан
што останало зафатено за гранките на дрвото
(од деновите кога се јазевме по него)
не слушам но треперам по ритамот Continue Reading

Будни

Category : поезија, поезија на македонски јазик

градот паѓа на коленици
џелатно утро го растопува асфалтот
се крши мојот сон единец,
се топи во небиднина
црновари битуменот!

будни:
јас во тебе
времето во нас
далечни роднини сме со светот Continue Reading

Мисли (дел прв)

Category : поезија, поезија на македонски јазик

…Се вратив повторно. Некоја локална размена.
Градот е пуст и како за никому да не му е грижа,
се затворил во својата корупка и молчи. Continue Reading