Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Оганот не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго, уште потопло и поопасно, и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, огнот продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не сакајќи да му противречи на лудоста, го слушаше како дете. Сите знаевме дека огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој од нас не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави. Continue Reading
Category : ракописот на деновите, раскази
Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска. Гледав со полуотворени очи во опашот на меморијата кој се втурнуваше под вратата како исплашен глушец додека мачорот, заспан во моите нозе, се будеше. За него отворањето на очите не е исто што и за мене. За мачките тоа значи трезвеност и сигурност. Го видов како стабилно јурнува по трагата на опашот. Ја скинав преостанатата пајажината на сонот од моите очи и го следев до подрумот. Гребеше на еден пакет напластен со прашина. Continue Reading















