Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго уште потопло и поопасно и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, тој продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не секајќи да му противречи на лудоста го слушаше како дете. Сите знаевме, огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави. Continue Reading
Летното јулско сонце пече и го топи асфалтот по Струшките улици. Сигурно би рекле совршено, Струга, езеро, Дрим, меѓуетничка толеранција и ладни денови и вода. Но не е баш така, не барем за нашата мала дружина.
Слика: некаде околу 12 часот попладне. 10.07.2008
Се потат нашите четири сенки. Времето оди бавно. Ја чувсвтвуаш теоријата на релативитетот. Забрзани чекори. Купуваме намирници. Се сретнуваме на излезот на градот. Влегуваме во такси и силно извикуваме :
-Носи не Вишни друже!
-Аман те бе дечки сите на плажа вие Вишни!
-Ние по планининиве сме појче!
-Абе нема ништо таму, ни жив чоек.
-Аку, Аку!
После точно 7 километри стигнавме на средината на селото а тука од еден голем стар споменик паѓа изворска вода која доаѓа од самите врвови на Јабланица. Не доечека овчарскиот пес попознат како „ Тупурко„ кој со неговите зачудувакчи димензии се вели дека е еден од најмирните животинки во селото. Се поздравуваме со таксистот му плаќам трошни 180 денари и веќе сме тука. Влегуваме во старата куќа и веќе одма воздухот е друг, сонцето веќе не се одмаздува туку нежно те гали. Се сместуваме, го ладиме пивото. Кавал и гитара наспроти големата круша на Ристо Тодоровски ( автор на книгата Замолчено Време во која се собрани сите неогови патешествија и новинарски записи за Струшкото подрачје, книга од која подоцна ќе следи извадок и исто така автор на збирката раскази Смок во која е опишана истоимента круша.) Навистина неможам да опишам како се чувстсвувам ТУКА.
Се пресретнавме со неколку селани од кои двајца и само двајца редовни жители на Вишни. Се израдуваа, им донесовме живост и бучност, си мислам. Несокојдневен поклон за нив.
Слика: Некаде во подножјето на Јабланица, изворска вода. 16 часот 10.08.2008
Стоиме и никој не зборува. Звукот на изворот не маѓепсува, не ослободува, го запира времето, го стеснува просторот, го носи заборавот. Молк. Ги сместуваме лименките во изворот и за само 2 минути тие замрзнале. Се враќаме до најблиската црква.
Тука сакам да напоменам дека во Вишни постојат 7 цркви и тоа: Св. Спас, Св. Никола, Св. Врачи, Св. Климент, Св. Петка, Св. Атанасие и Св. Недела.
Слика: Некаде низ Јабланица, на точно еден и пол км од Вишни. 18:30 часот 11.08.2008
Патот е тесен и се искривува, небото се замрачува, умроно чекориме сами. Стигнуваме до една карпа. Висока е околу стотина метри. Горе на врвот стои недопрена од времето пештерската црква Св. Спаса. Се искачуваме по стрмните скалички и за десет минути сме на врвот.
Од тука па се натака ве препуштам на трошните и скормни видео записи, како и на дел од книгата Замолчено Време на Ристо Тодоровски која ќе ви ги разјасни дел од историјата на Вишни и Св. Спаса.
…да дојдеш да ми `и собериш коските…
Света Спаса Вишенска: мит, легенда и реалност. Светителка, позната за народот по Вишни, Вевчани и Белица, чии мошти со векови љубоморно ис о невидена грижа ги зучваат генерациите на вишенци, и до денешни дни буди интерес меѓу луѓето и теолозите, за да го разгатнат нејзиното постоење, дејствување и трагичната смрт, чии причини досега не се разјаснати. Преданијата говорот за нејзините исклучителни способности на доброчинителството. Раскажувачите се единствени во едно: Таа, Спаса и нејзиниот брат Спасе, служејќи на Бога и помагајќи ги луѓето, рано го завршиле животот. Моштите на Спаса сеуѓте постојат, а на Спасе не му се знае завршетокот. И двајцата во времето на доаѓањето на исламот на просторите од западна Македонија, сурово прогонувани од Турците се засолниле во пештерските цркви, Спаса во Вишни а Спасе во Вечани. Од длабоките темнини на турското владење, ќе остане незаборавот за нив двајца низ усните кажувања на луѓето од овие краишта: Редовната појава на снопот светлина што патува од еден до друг манастир, што некогаш ги населиле сестрата Спаса и братот Спасе. Атеистичкото гледање ова го толкува како парафизичка појава, додека теистичкото гледање, овај благодетен сноп на светлина го толкува како постојано дејствување на светиот дух врз тоа место.
Меѓу луѓето од постарите генерации, прифатено е верувањето од кажувањето на очевидци, дека, всушност, спроти празникот Св. Спас, снпот светлина неизоставено се движи од еден кон друг манастир, што според некои сознанија, е единствениот феномен на просторите на Македонија и просторите на Балканот. Уште да потсетиме дека Манастирот Св. Спас во селото Вишни, недалеку од Струга всушност претставува пештерска црква со зачувано ѕидно сликараство од 15 век. Се наоѓа на живописна клисура, во карпа висока околу стотина метри. Последните остатоци од некогашниот богат декоративен систем, се претставени со композициите „ Служба на Архиереите„ „Богородици „ во големи димензии а се распознаваат и ликовите на Св Кузман и Св. Дамјан. Има докази дека во оваа црква одамна постел аскетски, испоснички живот. Непознатите уметници, автори на прекрасниот живопис оставиле цивилизациски траги на пештерските ѕидови и заминалина на друга задача. Но, во темнините на 15 век, останала да зрачи пораката на нивната непогрешлива сликарска рака, за долгогодишната традиција во уметноста. Активноста на испосниците, сигунро била проследена со образовни и просветителски дејствија, па заради тоа, заради нивната продуговенсоит, народот нив им верувал и долговечно ги почитувал.
Остатоците од моѓтите на Св.Спаса, вишенските луѓе сеуште ги чуваат, одавајќи и на тој начин висок пиетет, како на достоинствената нивна спасителка, која се жртвувала себе си и својот млад живот за да го зачува својот и идентитетот на лушето од овие краишта. Околу Спаса се оидвивала бурна драма; многу настани ќе останат како енигма, како вечен молк што таа го таа под својата сребрена маска.
Еве во продолжени неколку реченици од устите на вевчанци, вишенсци и беличани (во книгата ги има повеќе):
Неделко Маркоски (Вишни) „ … е сега, како се отскрил манастиров, практично ова, пештерава: на некоја жена од долна Белица, кажувет старите дека је дошло на сон, два-три пати кој је рекол: Ќе појш во Вишни, ќе кажиш на тие… селските одборници, како и викале тогаш, ќевајлии или незнам, дека се наоѓет мошти во таа и таа пештерка во Вишенскиот реон, да појте да и земите и да и донесите во црквата во Вишни. Отишле и је и нашле таму моштите и и донесле вишни, во црквата „ Св. Атансија„ кои денеска се наоѓаат во црквата, тука, во еден дрвен ковчек, тука, напраен, и така тука стојат…„
Менка Шапеска (1920) „ Мие како деца имаме слушано, ова, Светицава је нашла некоја Влајнка. И после Влајнката си ја клала во црков горе; сакале тије да ја земет Беличани ама таја им се следвела на Вишенци и момичките од Вишни си ја зеле и така после, некоја од Вишни је посребрила, коските је и нашле, ги зеле и и посребреле.
Неда Секулоска – Милајнца „ И еној се коскине онде во сандучено; и и мијевме ката годин, со татка со вино. И че одевме свадба беше тогаш…леле… колку народ одевме тогаш, променати со з`буни, со убруси…. как сме берени да виш ти на кутјата… „
Ја су сликана на Спас на коњ… пљот беше народ, ен нека ти кажит Витејца море Ристе, од ке што завлегвиме до долу под каменон, трпеза имаше, и од народ, ке што се слегвеше кутјата, вака беше, свешта да немојш да запалиш… Ама сега се се запусти. И мије сме запустени, замлче и времето.















