рецепција
мустаќите на ноќниот стражар
би ги наквасил во јогурт
нека му биде барем малку незгодно
јас сум домородец,
хотелохолик,
алкохолик,
можам да му свирнам еден стих низ главата
и да не знае кај да се заврти од смеа
само изгледа како да не знае за мене
па ме праќа на прв кат
за да не мочам од високо Continue Reading
ми израсна градско маало во главата
со високи згради
синило
со кожно небо
розово
а на дното се распостели
асфалт мокар
темно сивило Continue Reading
магична математико на нејзиното тело
вие магли и мапи во лудото синило
компаси изградени од мирис и магла
зарем не ви смачи лагата ваша? Continue Reading















