Пред точно четириесет години, славната млада четворка наречена Пинк Флојд, полека, но сигурно започнува да го остава својот печат врз богатата музичката историја на светот, притоа пробивајќи еден пат кој дотогаш бил сокриен никаде низ бројните варијациите на звукот. Со четири студиски албуми зад себе, од кој последниот наречен Ummagumma, бендот, во период од март до август 1970-тата, започнува да го снима својот петти албум (Atom Heart Mother), за кој денеска, гледано од оваа дистанца, може да се каже дека ја дефинирал траекторијата по која бендот ќе патува во иднина. Continue Reading
Освоивме прва награда за најдобар краток филм на Скопскиот Филмски Фестивал. За нови остварувања!
Тема: 13
Локација: Струга (АС – Камп)
Филм на: Јолдески, Ристовски и Матоски
Category : анимација, рецензии | есеи
Адам Елиот е роден во Австралија, 1972. Пораснал на фарма заедно со неговата сестра, двајца браќа и еден папагал. Интерес за уметноста и огромна креативност покажува уште од своите рани години. Пет години поминува изучувајќи фотографија, сликање и поезија. Студирал анимација на Викторијанскот колеџ за уметност. Добитник е на многу признанија и награди. Continue Reading
Category : рецензии | есеи, филм
„Островот Шатер“, новото остварување на Мартин Скорсезе, уште со почетната сцена прецизно ни навестува дека режисерот овај пат им завртил грб на преплавените Њујоршки улици и заедно со неговата нова муза Ди-каприо, тргнал кон еден „Хичкоковски“ остров, се со цел, до некаде да ги истражи лавиринтите на човековата психа, а донекаде да го воскресне стариот добар Ноар. Continue Reading
Category : музика, рецензии | есеи
На македонската музичка сцена, веќе повеќе од една деценија, може да се забележи еден музички тренд кој горе долу постојано осцилира околу една тенка црвена линија за која несомнено може да се каже дека го претставува нашиот традиционален мелос. Ваквата практика меѓутоа воопшто не е нова, нити во Македонија, а богами нити во светот, туку се позачестена во последно време, па така, зборувајќи за нашата земја доволно е да се земат во предвид неколку имиња кои уште во осумдесеттите и деведесеттите го исполнуваа скромниот македонскиот етер за истото да се докаже. Споменете си на Мизар, Леб и Сол, Анастасија… и се станува јасно. Исто така ако се погледне во поскорашното музичко минато, подобро би ни било да го затнеме едното уво, затоа што никогаш не се знае кога ќе ја чуеме оваа или онаа преубава македонска песна како излегува од некое распарано грло. За среќа, ситуацијата не е до толку црна, па на сцената доследно се појавија млади и постари ентузијасти, надежни, а и докажани музичари, кои до некаде ја вадат таквата ситуација од темниците во која западнала. Continue Reading















