Велат дека некогаш, под сивите јужни неба, еден ковчест човек си ја закопал среќата покрај бреговите на едно големо езеро. Ја оставил за полоши времиња и заминал од таму. Не се знае кои вештици или светци го наговориле да го направи тоа, но кога тргнал да ја откопа, на половина пат се дигнале маглите на војната и тој завршил изрешетен на дното на езерото, само на неколку стапки од неа.
Поминувале годините, се таложеле дождови и езерото ширејќи се ја проголтало закопаната среќа, а кога после долги години, еден ладен декемвриски ден, фотоапаратот на еден млад човек за прв пат се наведнал над влажна кожа на езерото, сета вода што претходно распространето се белеела пред неговите очи, низ објективот се претворала во коски. Со секој клик на камерата, коските биле се побројни.
Continue Reading















