Ненад Јолдески
Ѓорѓи Крстески
блог – компас кој покажува кон југ
Оган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...
Патувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...
Магла Скопје. Корегиран дискурс.
Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....
Мостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...
Обид за дијалог години во овој проклет плакар
ко изветвен капут
мирисам на нафталин
на закопан стих
на недоречени зборови
ко залутано писмо што никому не раскажува
архиви на пошти
луѓе трагачи
несвесни
затаени
уморни
стојам
сега...
Дрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети.
Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...
Мајка ми, поплавата и краткиот... Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...
Куќа на О.
Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата.
Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...
Спирала Скопје. Чиј е овој расказ?
На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...
Црно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....
Category : група wezdensky
Category : група wezdensky
Синоќа беше топло. Завршна дожд. Го откажаа Двојниот живот на Вероника. Бидна претставата. Кој виде – виде.

Некогаш, во дамнина, пред да постои Големиот Часовник, времето беше мерено со промените на небесните тела; со бавното движење на ѕвездите низ ноќното небо, со сончевиот лак и мените на сончевата светлина, со зголемување и смалување на месечината, со плимата и осеката, со годишните времиња. Времето, исто така, беше мерено со отчукувањето на срцето, со ритамот на сонот, со повторно јавување на гладта, со менструалните циклуси кај жената, со времетраењето на осамата. Потоа, во еден мал град во Италија, беше направен првиот механички часовник. Луѓето беа маѓепсани. Подоцна станаа ужаснати. Пред нив се наоѓаше човечки изум којшто може да го измери текот на времето, којшто распонот на копнежот го премерува со лењир и шестар, којшто прецизно ги мери миговите на животот. Едновремено тоа беше и волшебно и неиздржливо и во несклад со природните закони. Сепак, часовникот не можеше да се игнорира. Тој мораше да се почитува. Пронаоѓачот беше наговорен да го изгради Големиот часовник. Потоа го убија и ги уништија сите останати часовници. Тогаш започна „аџилакот“.
Се извинуваме за гужвата и неможноста да се гледа најдобро и уште еднаш сакаме да објасневме дека претставата беше обмислена да биде во кафе бар, а не на сцена во театар, бидејќи ние сметавме дека таму и е местото и тоа поради неколку причини – кои сметам дека нема ни потреба да ги набројувам.

„ Крајот се ближи со брзина со која наближува земјата. Студениот воздух сече, телата ја губат тежината. Тивкиот хоризонт се распространил со милји надалеку, А таму долу, огромната снежна покривка паѓа се поблиску и поблиску одвиткувајќи го овој круг на розевоста и животот. Крајот на светот ќе дојде на 26 септември 1907. Сите го знаат тоа. “
Им благодариме на сите што не посетија, а посебно на неколкуте блогери. Можеби не беше се сјајно, но многу луѓе излегоа задоволни и ако не друго знаеме дека ги поттикнавме да ја прочитаат книгата.

О да, речиси ќе заборавев – се молат сите оние кои поседуваат било каква вештачки создадена направи која покажува време – да ја исклучат. Следува Вистината на времето во изведба на

Category : група wezdensky
Драги блогери пред некаде точно една недела се собравме пет млади ентузијасти и помисливме што може да му подариме на нашиот град, што ќе го разбуди од сонот на секојдневната баналност. Не беше многу тешко да си рабудиме некои стари спомени и уште веднаш да одулиме…
„ Ќе ја адаптираме Ајнштајновите сништа на Лајтман, како што и се договоривме тогаш!“.
Така ја основавме групата Wezdensky именувана по псевдонимот на еден Струшки лиот…
И така би…
Ние господа имаме длабоки џебови само што во нив не собираме направи за отклучување брави, гуми за полесна пенетрација и заштита од бременост, кутии за комуницирање на поголемо географско растојание, некакви хартии во боја кои ги направија сите проблеми на светот, статистички извештаи длабоко сокриени на дното или пак бели правоаголници со остри рабови.
О, не! Ние собираме приказни. Ги собираме во своите длабоки џебови, па потоа како пророци ги воскреснуваме пред сите, ја разголуваме вистината и се тоа со цел – играње шах со измачениот ум на прагматиката.
Вечерва во нашиот џеб случајно залута една од вистините за времето. Пластична е како да сте го облекле Ајнштајн во хулахопки. Константна променлива на оваа вистина се менува неколку пати во еден квартал време на ѕидниот часовник.
Но да не должиме господа, времето изминува – сите вие сигурно имаат важни работи на ум.
О да, речиси ќе заборавев – се молат сите оние кои било каква вештачки создадена направи која покажува време, се разбира ако сакаат да бидат љубезни – да ја исклучат. Следува Вистината за времето.
Учестуваваат:
Тинка, Ѓоле, Светле, Јовче, Не.над
Официјално ги покануваме сите оние кои ќе се во можност да бидат во среда на точниот простор и во точното време, да дојдат…
Мислам дека би се обесил
ако ме принудат да избројам до десет
за да размислам подобро,
би си ја заборавил сенката
ако ми кажат да внимавам на себе си,
или сигурно би се застрелал Continue Reading
Сина кола тромаво и со прекин во нејзината константна брзина се извива по празните и тесни кривулести патишта оставајќи зад себе испрекината црна трага од маслото кое се повеќе и повеќе истекува. Возачот кого го вика В. се поти и постојано менувајќи ги рацете врз жешкиот волан, без концентрација, некаква математичка пресметка или пак претходно искуство, врти безволно минувајќи ги острите кривини под уште поостри агли. До него Н. во постојан молк трга залудно на цигарата која веќе со минути стои изгасена во неговата уста, размислува и зјапа во планините. На задното седиште стои Д. сиот згрбавен. Малите тркалезни очила на неговата глава го прават крајно сомнителен дури и за неговите другари. К. спие веднаш до него. Пред да тргнат донесоа одлука дека кој прв ќе пушти било крик од устата ќе биде заврзан цела ноќ за еден од гробовите во малото село кон кое беа упатени и ќе биде пуштен дури следното утро. Затоа сите тивко набљудуваа и знаејќи ја сериозноста на секој од нив тивко си размислуваа. Повремено се случуваше некој од нив да заборави на сето тоа, да биде понесен од прекрасниот пејзаж кој бавно се препречуваше пред нив, но штом ќе ја отвореше устата, веднаш се присетуваше на играта која ја игра, па така тивко се повлекуваше во својата кожурка од молк.
Во селото стигнаа токму пред да се стемни. Кога колата застана на една мала асфалтна коцка која наликуваше на паркинг на самиот влез на селото – таа застана без преумила повторно да стартува или да бидеме по прецизни- таа се расипа. Треба да се наспомене дека селото беше од оние села кои што ја имале трагичната судбина да бидат оставени на милост и немилост на природата и нејзините диви жители. Со текот на времето и со модернизацијата на светот селото П. стануваше се по празно и по празно за на крај да избори точно двајца жители. Од време на време ќе се најдеше по некој залутан патник или намерник како овие наши четворица несреќници кои барајќи ги корењата на постоење трагаа по нив како тие навистина да постојат во физичкиот свет и како тие истите да треба да се наводнат. Сеедно…
Со истата таа тишина со која и пристигнаа, четворицата другари побрзаа да ја најдат куќата на трите чешми. Брзо ја лоцираа. Таа се наоѓаше блиску до самиот влез каде што ја оставија колата и речиси на неколку стотина метри од гробиштата и малата црквичка. Се сместија во старата куќа. Најпрвин како пајаци се подадоа низ собите и веднаш почнаа да бараат што се останало таму. Како што и се очекува не најдоа ништо повеќе од една виљушка, електрика, неколку филџани за кафе, три ножа, еден смок кој веднаш избега откако заклучи дека некој има во куќата, календар на кој висеше Св. Никола – заштитник на селото, една стара црна капа и пет литри со ракија. Сите предмети ги донесоа во централната соба, а кога сите ја видоа ракијата веднаш се насмевнаа. К. го зеде едното од шишињата и излезе на чардакот. Сите тргнаа по него весело мавтајќи со рацете. Го отворија шишето и почна веднаш да пијат. Сонцето веќе се повлече зад планината и настапуваше мрак. Пиеја како не наситни и после токму еден сат кога ѕвездите се појавија на небесниот свод Н. очигледно пијан се исправи и започна да рецитира некој стара македонска поезија, заборавајќи притоа дека токму тие убави љубовни стихови уште веднаш го осигураа неговиот престој за ноќта – да биде заврзан за еден од гробовите! Кога другите го слушнаа, веднаш го кренаа и со трчање стигнаа до црквата. Н. беше доволно пијан за да не се уплаши – барем не во тој миг, а другите беа доволно пијани за да навистина го врзат.
Покрај црквата стоеше жена и си ги собираше своите овци. Таа беше едниот жител на селото.
- Има ли клуч од црквата? – ја запраша Д. намигнувајќи во темнината со очите .
- Одете побргу! – извика таа – Ова село може да ви донесе само несреќа!
Сите се зачудија. Морници им полазија по телата, но за миг заборавија на се и пробаа да влезат во црквата. Клучот всушност беше на самата брава. Откако најдоа еден стар гроб, го врзаа на Н. и пожелувајќи му добра ноќ си заминаа од таму.
- Која беше таа жена? – праша К. седнувајќи повторно на чардакот.
- Таа живее тука – реле Д. – сите знаат дека е луда, не обрнувај и внимание.
- Сепак… се чувствувам по малку лошо зошто го оставивме Н. таму покрај гробовите.
- Ништо нема да му се случи – извика Д. – не биде пичка! А сега повторно молк, следниот што ќе проговори и ќе ја наруши оваа природна тишина, ќе заврши врзан за дрво во шумата.
Другарите молкнаа. В. не проговори ништо. Заспаа мирно секој во различна соба, само после неколку минути.
Н. седеше врзан за гробот а ракијата престануваше да му делува. Уште откако ја виде жената пред половина час тој се штрекна. Сфаќајќи ја положбата во која беше западнал се беше стуткал над гробот како ембрион и не трудејќи се воопшто да ја отпушти старата ортома со која беше преврзан преку стомакот проба да заспие. Залудно, секој еден миг во таа потполна темница му наликуваше како вечност. Тој слушаше шепоти и движења иако знаеше дека таму нема никој. Ги отвори очите и без да трепне гледаше пред себе. Беше навистина сеедно дали е замижан или не, темнината пиеше. Се присети на Рацин и насмевнувајќи се погледна кон небото. Имаше ѕвезди. Наеднаш слушна нешто зад себе. Се штрекна. Сакаше да ја одврзи цврсто стегнатата ортома но се беше залудно. Зад него се слушаа чекори. Можеше да го слушне дишењето на тој што беше зад него. Наеднаш почувствува рака пред својата глава и сечило која одблесна пред неговите очи. Почна да вика силно и од страв падна во несвест. Кога се разбуди, само после неколку минути пред него се наоѓаше брадест човек со огромен нож. Тој се повлече зад плочата на гробот и започна да го моли човекот кој висеше пред него да не го повредува. Тоа беше вториот жител на селото. Слушаше најразлични приказни за него.
- Ќе избројам до десет – му рече тој бавно и со зарипнат глас – а кога ќе кажам „десет“ подобро да бидеш добро сокриен. Еден…два…
Н. беше избезумен. Започна да бега и веднаш се упати кон куќата. Трите чешми силно истекуваа. Тишината го вадеше од кожа. Светлото во собата беше запалено и тоа му даде сигурност. Со трчање влезе во куќата а кога влезе во куќата не најде никого освен крвави траги кои водеа кон излезната врата. Зеде светилка и излезе веднаш од таму. Помина покрај чешмата. Ја осветли со слабата светлина и виде дека од нејзе тече крв. Се упати нагоре по планината газејќи по крвавиот извор кој се слеваше надолу. Наеднаш се сопна и падна. Кога се исправи ги најде своите тројца другари. Беа со огромни рани во стомаците и веќе мртви. Водата ги миеше и ја собираше нивната топла крв. Наеднаш осети тап удар во својата глава.
Кога се разбуди – беше во дворот на една куќа. Пред него стоеше брадестиот човек, а некаде поназад покрај една чешма овчарката ги миеше ножевите облеани со крв. Се стресе. Погледна околу себе и како сениште, како некаков призрак му се пристори дека го гледа Д. покрај себе. Кога погледна подобро забележа дека до него стојат и К. и В. Тие беа потполно здрави, се смееја и нешто му шепотеа на брадестиот човек. Н. ги истриј очите и не верувајќи ги погледна прашално.
- Кафето благо го пиеш или горко? – наеднаш извика овчарката од покрај чешмата.
Н. молчеше.
- О! Сват! – извика Д. со неговиот сомнителен лик – Кај замина со мислите? Те прашаа луѓево нешто. Благо кафето?
Н. се заврти уште еднаш околу себе и погледна кон другарите и брадестиот човек кој му се насмевнуваше за целото тоа време.
- Ќе напишам приказна за куќата над трине чешми долу шо беше – извика и се насмевна толку силно што уште од далечина секој можеше да познае дека му беше мило што ги гледа сите покрај себе
- … Благо…шербет благо… фала… – рече и запали цигара.
- Чудни сте младиве денес – со кашлање рече брадестиот човек и го потчукна Н. по рамото.