На моите вселенски браќа
Миша се беше качил врз грбот на Мартин и сакајќи повеќе да биде коњаник со сламка во својата уста отколку да заземе било каква улога во светот кој го опкружуваше силно скокаше врз неговиот грб. Мартин од другата страна повеќе наликуваше дека заспал и иако со очите ширум отворени, се беше насочил кон некој надреална анимација на ТВ екранот, притоа седејќи (како што наспоменавме врз своите четири нозе) и воопшто не грижејќи се што Миша скока врз него – само тивко воздивнуваше. Беше среда и нивните родители ги беа оставиле во модерната градинка каде тие го поминуваа речиси секое попладне во неделата – со исклучок, нели, на празниците и викенди. Не.над го немаше никаде, а беше веќе 9 часот.
Источниот дел на собата беше цела во прозорци а надвор снежеше. Мартин откако ја изгледа анимацијата, се исправи – при тоа треснувајќи го Миша од земјата, се приближи до прозорците, го залепи својот нос врз стаклото и започна да гледа во снегот. Миша во меѓувреме слушајќи гласови од вратата се приближи и ја отвори. Пред вратата стоеше Не.над со својот нов тротинет и неговиот татко. Тротинетот веднаш му беше одземен од страна на педагогот на градинката и уредно сместен во една од собите, што за жал резултира во искривување на усната линија од полукружна нагоре во сосема права – со силен стремеж за полукруг надолу. Педагогот го потурна Не.над и вратата тресна толку силно што птиците во кои гледаше Мартин одлетаа. Настана тишина и тројцата молчеа. Наеднаш снегот престана и започна силно да врне. Собата беше темна.
Миша апатично почна да притиска по копчињата на телевизорот. Кога телевизорот го испиша бројот “шест„ тој престана да притиска зошто тоа всушност беше бројот на неговите години. Се израдува и го викна Не.над за да го види тоа. За жал додека тој се довлечка од вратата – каде што беше и останал, па се до телевизорот бројката веќе беше исчезната, а на екранот се гледаше и слушаше само „белата врева“. Мартин се уште гледаше надвор. Двајцата другари го здогледаа и решија да му се приклучат. Така и тројцата со своите носови залепени за прозорецот тивко гледаа во дождот. Наеднаш се отвори вратата и внатре влезе педагогот. Ниту еден од тројцата не се заврти кон неа, што мора да признаеме прилично ја изненади, па така, таа со своите две раце ги фати тројцата за нивните косите и ги извлече до средината на собата. Таа им даде некакви лего коцки и слични тракатанци, им нареди да се насмевнат и со некакво оправдување дека има важна работа излезе повторно од собата. Телевизорот се уште бучеше. Тројцата другари се погледнаа и без да разменат ниту збор – повторно бавно се одвлечкаа до прозорецот.
После долго зјапање во дождот Миша се исправи, бавно почна да ги крева двајцата другари и намигнувајќи им -ги повика да тргнат со него. Излегоа низ вратата. Миша одеше прв, а Мартин и Не.над по него. Тој заврти лево во ходникот, помина покрај една кабина во која стоеја неколку служителки и бидејќи беше доволно низок помина исправен покрај неа (точно достигнувајќи со главата еден сантиметар под нејзиниот прозорец) без да го забележат. Не.над го направи истото, а Мартин откако се наведна (неговата височина речиси од секогаш му задаваше проблеми) тргна по нив, лазејќи. Миша влезе во една соба каде имаше многу клучеви, извади еден од нив и продолжи право по ходникот. Стигна до една врата која ја отклучи и тројцата влегоа внатре. Во собата седеше тротинетот на Не.над, еден велосипед, и мала хавајска гитара. Ги зедоа трите работи, го вратија клучот и се вратија во собата каде што ги остави педагогот.
Не.над беше среќен и бавно го пратеше Мартин кој возејќи на велосипедот со помошни тркала шаркаше низ собата токму по хаотичниот ритам на гитарата на Миша. Тројцата беа весели. Повторно започна да снежи. Телевизорот се уште бучеше. Повторно се отвори вратата. Влезе педагогот и кога го виде сиот хаос кој го имаа направено – започна да вика толку силно што птиците кои колваа надвор повторно избегаа. Таа ги зеде тројцата, започна да ги бие и кога виде дека никој од нив не плаче, реши да ја промени стратегијата. Најпрвин го зеде Мартин за раката и влечејќи го однесе во забната амбуланта. Не.над заврши со порција свежи патлиџани од кои му се гадеше, а Миша беше принуден повторно да ја обои целата боенка и тоа во присуство на педагогот.
После половина час се врати Мартин. Се држеше за устата со левата рака и нешто мрмореше. Не.над се врати одма после него сиот побледен. Педагогот повторно ги изби и излезе низ вратата. Тројцата се погледнаа. Усните линии им беа завртени надолу. Се довлечкаа до прозорецот. Мартин се насмевна. Не.над ждригна. Миша го извади курот и нешто му правеше. Телевизорот бучеше.
Од зад вратата се слушаа гласовите на нивните родители и веселиот глас на педагогот како извикува: Ние ги сакаме децата, децата се нашата иднина!