twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

100 удари со чекан

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Замислувам се што ќе посакам.
Фикцијата ми се пијани со реалност,
повраќа се што зачувала во себе
и како локален пијаница
штом ќе почувствува дека се отрезнил
веднаш зема да пие без мое знаење.

Некој константно во темпо од 100 BPM
на три четвртински такт
ми клика наизменично со две запалки
од страните на мојата глава.
Звукот кој влегува од левото уво
веднаш се судрува со другиот од десното
принудувајќи ме да одбројувам минути, Continue Reading

Кратка приказна за навиките

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Јож се будеше секое утро точно во 8 часот, стануваше и веднаш започнуваше да вика на целиот глас низ прозорецот. Викаше без причина и најчесто ги набројуваше предметите кои ќе му паднеа на памет или само изговараше бесмислици. Соседите веќе привикнати на сето тоа, спиеја цврсто. Тој негов ритуал траеше точно 5 минути, после што Јож се повлекуваше и го поминуваше денот во својата куќа, само привремено излегувајќи по цигари и храни.

Точно на 25 мај една убава топла година тој се појави на својот прозорец. Се беше исто, истата улица, истите коли, кантите за ѓубре… Јож започна да вика кога од свиокот на запад се појави Ми. Таа се приближи и застана под неговиот прозорец.

- Зошто викаш? – го запраша љубопитно.
- Тоа воопшто не е ваша работа – засрамено и одговори Јож.
- Добро штом е така – му рече – пријатно утро. Можеби ве сакам.

Јож кимна со главата и започна полека да се повлекува во собата, притоаа воопшто не земајќи ја во предвид последната реченица на девојката во црвен фустан. Никогаш претходно некој кој не беше негов сосед не му попречи во својата утринска „гимнастика“. Сепак тој заборави на тоа во истиот час.

Утрото излезе повторно на прозорецот, но овај пат тој најпрвин погледна кон западната страна и кога се увери дека таму нема никој, започна да вика. Тоа траеше кратко, најпрвин – но сепак помалку поради фактот што тој беше зарипнат, а потоа поради чувството дека и ова утро повторно ќе се појави девојката. Беше залудно. Тој не можеше повеќе да вика и му се причинуваше дека во секој момент таа ќе се појави. Така беше и наредното утро, и наредното, а и секое друго после тоа. Јож излегуваше – но наместо да вика тој зјапаше во свиокот на улицата. Соседите веќе привикнати на неговото викање, земајќи го истото како составен дел од нивното спиење, а и нивните сништа, овај пат започна да се будат поради тоа што тој престана да вика. Тие започнаа да се будат и се молеа ој повторно да започне да вика. Се разбира – се беше залудно.

После неколку недели на молк, старата госпоѓа Ли не можејќи повеќе да гледа во кутриот Јож, уште од утрото се јави во блискиот санаториум. Јож дури не ни забележа кога го ставија во белото болничко комбе. Тој стоеше со здрвен поглед и ако во тој миг се уште се наоѓаше на балконот од неговата соба, ќе успееше да ја виде убавата силуета на девојката во црвен фустан.