twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

2 приказни за смислата на денот (лична тајна сокриена во дното на петицата)

Category : поезија, поезија на македонски јазик

1. Приказна од географско потекло

Страници.
Мојата глава е глобус на твојата тркалезна љубов.
Секогаш кога ќе пробам да ја завртам
паѓам во несвест. Continue Reading

2 приказни за тебе

Category : поезија, поезија на македонски јазик

1. Приказна од географско потекло

Облаците минуваат брзо.
Неонски бог ја врти планетата на својот показалец.
Ти најпрвин го вртиш глобусот и нешто пресметуваш,
па дури потоа велиш дека ми веруваш. Continue Reading

Кратка приказна за љубопитноста и опасноста

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Ша излегуваше од вратата на својата куќа, притоа треснувајќи ја толку силно, што двете птици на соседното дрво се исплашија и одлетаа. Ша погледна кон нив, го проследи пердувот кој најверојатно падна од едната птица, се намурти, ја спушти својата капа и тргна кон паркот. Во паркот кој не беше многу голем, тој застана пред трите врби и воздивна. Најпрвин тргна кон лево, ја заобиколи првата, продолжи на десно заобиколувајќи ја и втората врба, за повторно да тргне налево, и да ја заобиколи и третата. Истата траекторија се оцрта кога Ша се заврте и ги заобиколи врбите во обратен правец. Тоа го повтори 8 пати, а после тоа си замина дома. Никој не знаеше зошто Ша ги обиколуваше тие три дрвја.

Тој вечерта заспа мирно, без да знае за фактот дека токму попладнето, кога ги обиколуваше дрвјата за прв пат беше виден од еден господин кој сите го нарекуваа Фи и кој навистина љубопитно се интересираше за тој мал ритуал на Ша.

Утрото кога Ша повторно се упати кон паркот и започна да го прави ритуалот, Фи стоеше на една од блиските клупи и внимателно набљудуваше. Кога Ша заврши со кружењето, Фи се упати кон него. Тој го здогледа и ги забрза своите чекори. Фи беше постар и не можеше да го следи брзиот Ша. Реши да го чека следното попладне. Така и направи, само што ниту тоа попладне, ниту никое друго тој не успеа да поразговара со Фи, кој итро му бегаше. Без разлика што Фи секој ден го набљудуваше, тој не успеа да дознае зошто Ша врти околу трите врби.

Едно пролетно утро, кога сонцето направи сенки на оградата, која за оние кои го познаваа тој часовник, означи 3 часот, Ша се упати на рутинската обиколка околу своите дрвја. Кога стигна до трите врби тој се счудоневиди. Околу врбите постојано вртеше Фи. Ша започна да го гледа, за после неколку секунди да седне на клупата каде што обично седеше тој. Го гледаше долго време. Почна да се смее кога сонцето започна да заоѓа. Беше точно 6 часот според часовникот – сенка. Ша се насмевна за последен пат, погледна уште еднаш кон Фи, бавно тргна кон својот дом и никогаш повеќе не се врати кај трите врби.

3 приказни за несреќата

Category : поезија, поезија на македонски јазик

1. Приказна од сцената
Рефлекторот секогаш ме промашуваше, па светлото паѓаше на три чекори од мене. Кога публиката се намали на еден човек – го обвинив тон мајсторот. Кога и тој замина, веќе немаше публика, а кога погледнав подобро видов дека под светлото на рефлекторот стои икс. Continue Reading

3 приказни за среќата

Category : поезија, поезија на македонски јазик

1. Приказна од сцената

Соништата беа црно бели
а во нив, публиката разнобојна.
Секој пат кога насилно ќе ме разбудеа
се раѓаше уште една кружна песна. Continue Reading