twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Зборувајќи за пантолоните и љубовта

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Моите два рушени џеба – неволни лицемери кои не сакаат цигари,
ниту пак клучеви,љубовни писма или остатоци од бакнежи, студени пијано прсти,
силно влечење на нежна рака чии главни координати,
упатуваат на тоа таа болно да премине врз нив,
па се до средината на нозете кои ги допираат,
навистина не сакаат кога гаќите
се подолги од нив.

Ти не ме гледаш.
Мене ми влезе мува во окото. Continue Reading

4 приказни за тагата (другата страна)

Category : поезија, поезија на македонски јазик

1. Приказна од градот

Покрај главните улици – кафе барови,
дрвени огради и дворови.
Јас чекорам и мижам
а тие ме сопнуваат па се смеат. Continue Reading

Кратка афектна приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Беше зимско пладне, претопло и премногу несоодветно за датумот. Излегов надвор. Беше точно 16 часот. Го зедов малиот пакет, викнав такси и го пратив да ја испорача пратката на една адреса во градот. Се вратив во својот дом.

После десет минути телефонот заѕвони. Се слушаше како некој џвака и бавно подголтнува.

- Те сакам! – се слушна и во истиот миг тонот за прекината врска започна немилосрдно да пулсира.

Утрото се разбудив и направив кафе. Некој заѕвони на вратата. Се слушна брзо трчање. Ја отворив вратата и таму стоеше мојот пакет. Чоколадните колачи беа веќе изедени и внатре стоеше само амбалажата. Ја зедов да ја фрлам а под неа се откри кратко писмо. Почнав да читам. Пишуваше: „ Ако мислиш дека си успеал да ме поткупиш со неколку колачи, тогаш знај дека си во голема заблуда!“ Ги фрлив отпадоците и се насмевнав слатко, чинејќи дека тоа е токму истото чувство како и нејзиниот краток афект на љубов секогаш кога ќе и пратам од истите слатки.

Кратка 1.576.800 минутна приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Куќите тука немаат броеви, а вратите се секогаш отворени. Каде и да влезам, ме фотографираат, па дури подоцна откриваат дека никогаш не сум ни бил таму. Не очекував ништо повеќе од нив а ниту пак од мене. Сеедно е, се навикнав.

Имам панк одело. Го носам секогаш кога морам да избирам. Во неговиот левиот џеб чувам џебно издание на „Корјцеровата Соната“ со навистина остри рабови. Во десниот пак еден скршено диск на Felini кој го пробива џебот. Галерија на женски оргазами. Штета што веќе подолго време го пропуштам големиот балон.

Ми доаѓа да се насмевнам, но кога подобро ќе размислам, подобро не. Нека остане вака.

Писма со елетронски жили

Category : раскази, Штамата на Енхалон

Сцена: Јас, мојот брачед, неколку денови после Нова Година, дневна соба, компјутер, Лори Андерсон и литар шкартен коњак со убаво капаче. Седевме и правејќи некои анти-новогодишни муабети се решивме да им пишуваме mail на Бадел и да ги известиме дека на копијата на нивниот производ капачето е навистина пофункционално. Тоа и го направивме,само што тој mail се изгуби некаде. Како и да е после тоа се запнавме за рекламата на Европа на која пишува 125 години традиција и го испративме следниов mail:

—– Original Message —–
From: Joldeski Nenad
To: evropa@mt.net.mk
Sent: Thursday, January 03, 2008 2:32 AM
Subject: pitanje!?

Почитувани,
Би сакале да ве прашаме како е можно Европа фабрикава ваша да е стара 125 години. Па знајте вие кога била 1883, а?

П.С. Црешовото топче својот неуспех го доживеало во 1903, а вие веќе 20 години сте праеле крем банани…

Не се заебаваме чекаме одговор

поздраФ

После долгото смеење, заспавме. Утрото со сиот свој мамурлак успеав да си направам кафе. Седнувам пред компјутер, проверувам mail и го гледам следново:

From: “evropa” <evropa@mt.net.mk>
To: “Joldeski Nenad” figment_mk@yahoo.com
Subject: Re: pitanje!?
Date: Thu, 3 Jan 2008 09:08:39 +0100

Почитувани,

Во attach ви испраќам краток текст за историјатот на фабриката кој ќе ве увери дека таа навистина има историја долга 125 години( навистина повеќе и од црешовото топче) само што тогаш не правеле Крем банани (тие се понов производ)

Благодариме на покажаниот интерес,
Поздрав,
AD ” Evropa ” Skopje

После тоа немоев да одолеам па им напишав.
Ви благодарам, сега работите станаа пологични и штета што тогаш не ги јаделе вашите БАНАНИ.

Е ова ти се вика добро имплементиран Маркетинг. Се надевам дека на некого му го разведрив утрото а и тој мене :)