twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Кратка антагонистичка приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Тој беше свештеник, таа курва. Дејствуваа во спротивна смисла. Се сакаа.

Доволно антагонистички за да станат best seller, доволно минималистички за да е уметност.

Кратка смешна приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Се родив гол. Пред 22 години, во 15 за 9, ноќна смена. Докторот рекол: „Се е во ред, само има едно нешто… вашето дете … има единаесет прсти.“ Тако ми се насмевнал, мајка ми паднала во несвест.

Кога се разбудила побарала да ме види.

Единаесеттиот прст бил еднаков со мојот среден прст и висел неодредено. Докторот шегаџија од тогаш престанал да се шегува но затоа времето продолжи.

Кратка зависна приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Секој утро купував цигари од истата трафика. Продавачката речиси никогаш ја немав слушнато да зборува. Таа мене цигари, јас неа пари – игравме едноставна игра. Беше млада, во своите најубави години. Често зјапав во нејзините гради. Не ми замеруваше. Тие неколку секунди, кога нашата трговска размена добиваше смисла и го оправдуваше самото нејзино значење, за мене беа се. Само тогаш чувствував.

Често ја замислував како ми се насмевнува. Се оцртуваше пред мене и токму кога линијата на нејзината насмевка се ближеше до перфектен лак, јас добивав шамар. Мојот другар ја мразеше таа моја состојба кога сонувам со отворени очи. Сигурно сум имал многу глупав израз на ликот. Несомнено е. После секој удар, палевме цигара.

Поминуваа денови. Ритуалот се повторуваше секое утро, се додека еден ден неа ја немаше повеќе. На столот во малата трафика стоеше грозна дебела жена со големи очила. Гледав во неа повлекувајќи ги чекорите. За неколку минути бегав со сета моја сила само за да бидам што подалеку од тоа суштество.

Престанав да пушам.

Пасивност

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Јас всушност чекорам само поради формата
на моите плунки кои се лепат на валканиот асфалт
и кои ја менуваат формата како и секоја
зависна променлива. Continue Reading