twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Шега

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Се превртуваш ти,
се превртува и небото,
паѓаш од креветот
право во него. Continue Reading

2

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Ја видов како вози велосипед
со мала кошница
и розови гуми.
Беше далеку
но сепак не успеав да побегнам.
Ме прегази.

Сега има траекторија врз мене
која ме дели на половина
понекогаш тоа ме прави уморен
понекогаш само необичен.

Црвено

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Никогаш не измислив сопствена игра
секогаш ја крадев туѓата -
најчесто онаа уличната.

Ти ја менуваше бојата на косата
а јас на тоновите.
Се бркавме. Continue Reading

Вистини

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Ти си како
метафора за студено утро,
секогаш будна
и декадентена. Continue Reading

Кратка залудна приказна

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Се сеќавам како да беше вчера. Ми рекоа да трчам и да пцујам. Трчав и пцуев. Се што ќе видев за мене беше само икона за анти-обожување, анти-поклонение. Не се уморував речиси никогаш. Застанував само да видам некои графити. Редовно палев цигара кај „Имам рецепт за самоуништување.“ Ми доаѓаше некако спонтано. После тоа повторно продолжував да трчам и пцујам. Плукав и по излози. Најчесто на банки, менувачници и кафе барови. Ме бркаа, не можеа да ме стигнат. Се фрустрираа. Патетични будали. Не се грижев за ништо.
Еден ден ја сретнав неа. Курва – бивша гимнастичарка. Можеше да ти ги лиже јајцата додека ја дупиш. Работеше во книжара. Ми подаруваше книги. Почнав да читам. Си купив очила и штофени пантолони. Омекнав. Ме откачи.

Станав писател.

Џабе.