Ги замрзнав твоите очи
во артички студенила
на мојата лудост.
Патувам кон север
и се поретко пресретнувам луѓе. Continue Reading
блог – компас кој покажува кон југ
Оган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...
Патувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...
Магла Скопје. Корегиран дискурс.
Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....
Мостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...
Обид за дијалог години во овој проклет плакар
ко изветвен капут
мирисам на нафталин
на закопан стих
на недоречени зборови
ко залутано писмо што никому не раскажува
архиви на пошти
луѓе трагачи
несвесни
затаени
уморни
стојам
сега...
Дрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети.
Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...
Мајка ми, поплавата и краткиот... Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...
Куќа на О.
Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата.
Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...
Спирала Скопје. Чиј е овој расказ?
На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...
Црно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....
Category : поезија, поезија на македонски јазик
Ги замрзнав твоите очи
во артички студенила
на мојата лудост.
Патувам кон север
и се поретко пресретнувам луѓе. Continue Reading
Category : поезија, поезија на македонски јазик
Неонската реклама на руинираниот хотел,
црвениот лим на кој стои името на мојата улица
и сината коцкеста плочка со бројот на мојата куќа
ова утро мистериозно исчезнаа. Continue Reading
Category : Кратки приказни за сѐ, раскази
Утрото ја измокри ноќта а остатокот од урината го собра во стерилизирано пластично кутивиче. Кога го заврши својот ритуал ме претепа со безбол палка а својата плунка ја залепи за ѕидот за да ме потсети на амбиентот кој завладеал со надворешните празни простори.
Успеав да преживеам. Купувам музички халуцинации на попус во еден тесен подрум и така на секој агол ги наоѓам твоите жолти чевли, ги собирам во голема платнена торба и ги бесам на едно дрво кое е поголемо дури и од мојата зрада. Се занишува… мислам дека ќе падне…
Молерот кој се врти низ моите соби носи шапка од весник на чија десна страна стои графикон со кривата на трошоците за живот. Тој неодамна открил дека кафето е неговата течна амброзија
па за еден ѕид наплаќа со пет шојли за кафе. Го набљудувам внимателно. Ми се причинува дека ако за миг замижам ќе започне да го фарба ѕидот со кафена боја. Му направив поретко кафе.
Мојата цел, визија и мисија се изешале како три мастики во една уста. Добив каша од теории кои не вредата ни да се плукнат ни да се голтнат. Но… има и нешто корисно од сето ова: Открив навистина добар начин за да ја започнам приказната – воопшто не ја започнувам.