И: Мислиш дека ќе успее?
Н: Нема никакви шанси.
И: Јас мислам дека има.
Н: Сакаш вино?
И: Да. Ништо не гледам, прилично е темно.
Н: Нели ми раскажуваше некој сон.
И: Ох, да… Годо требало да биде статист…
Н: Хаха, Годо зад кулисте.
И: Ти текнува на плакатот?
Н: За Чекајќи го Годо?
И: Да.
Н: Каде што треба да пишува: „ В.Ч. – Годо„
И: Да, тоа!
Н: А тебе ти текнува на законот за мртви?
И: Тоа, дека еден ден нема да може да се умре без дозвола!
Н: Имаш добра меморија.
И: Ти тогаш рече дека ако се самоубиеш, те враќаат во живот и те пикаат во затвор. Хехе…
Н: Сепак, сеуште мислиш дека ќе успее?
И: Не гледам баш најдобро, но сепак мислам дека ќе успее.
Н: Сакаш да му помогнеме.
И: Кого него!
Н: Ми падна жал.
И: Ти знаеш да ја наместиш жицата на басот?
Н: Знам на гитара, знам и на бас. Ајде да одиме навистина е пијан.
И: Ти веруваш дека ќе биде нешто од концертот а овај незнае жицата да си ја намести?
Н: Тоа нема врска. Тоа ти е исто како твоите опции на апаратот, ти не ги научи никогаш а сепак сликаш прекрани фотографии.
И: Ајде, оди, зошто публиката побесна.
Н: Нема каде да одам, веќе сме тука, зарем заборави дека ние сме бендот?
И: Проклети филмови! Зошто секогаш морам да ги гледам од странта на публиката. Ајде побрзај. Killing the blues чека…















