twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Кој кого не прифаќа?

Category : Останати, раскази

Секое попладне, точно кога сонцето е во зенитот, стариот господин Г. чиј гротески лик потсетува на они мали, дебели бизарни човечиња од циркус, продава сонови на плошдадот. Соновите ги чува во мали стаклени шишенца а на секое едно стои мала налепница со натпис. Со секое шишенце има упатство за употреба а имињата на соновите се најразлични: Фреквенција и паѓање, Долгиот чекор на луцидноста, Краток пад, Бајка, Смешни елфеови, Трибојни камења… На минувачите најчесто вниманието им го привлекува едно поголемо шише врз кое пишува: Сон од Месечината. Така господинот Г. стои и продава а луѓето купуваат и купуват.

Токму сега од далечината доаѓа В. Тој се приближува до тезгата и се загледува во Сонот од месечината. Го купува и со брзање оди дома. Го отвара упатството и чита:

„ Ова шише не смее да се отвори, тоа едноставно се чува под перницата. Може да се употребува пет пати. НАПОМЕНА: Негатвини последици се што тоа создава зависнот. Корисникот треба да бие свесен за тие последици. „

Г. го сместува своето шише под перницата и заспива. Не сонува ништо. Се буди уморен и тажен. Го фрла шишето во корпа и излегува бесен.
Од тој ден В. сонува само еден сон: Тој спие сосема сам на кревет кој е сместен на средината на плоштадот. Стариот господин Г. пее некоја стара француска песна а месечината плука врз неговото уморно тело. Плука и се рони се дури на нејзиното место не остане една голема црна дупка.

Кој кого не прифаќа? Месечината сонот или сонот месечината?

Судбината на осудениот

Category : Останати, раскази

- Цигара?
- Да, благодарам.

- Вино?
- Не, можеби подоцна.

- И ќе ми раскажеш?
- Не.

- Зошто?
- Па незнам што да ти кажам.

- Страта добра приказна.
- Остави го тоа… мислам дека животов ми се повторува.

- Хм, од каде знаеш?
- Незнам.Ми се причинува дека токму сега сум заробен во некој дијалог. Таму се раѓам и ќе живеам засекогаш. Неможам ништо да променам во неа. Само проклетиот автор кој пишува, мојот врховен бог, го може тоа, но тој сигурно нема да се досети. И кога веќе решил да ме зароби, барем нека остави простор сам да продолжам!

- Тогаш и јас сум заробен?
- Да но ти не си толку важен, ти си само помошен алат со кој тој ги слика моите мисли.

- Јас не сум важен!? Зарем тоа го мислиш. Тогаш да заминам, а?
- Престани да се фрустрираш, тој и така нема да дозволи да заминеш. Тој е ние а ние сме тој.

- Кој го ебе јас си заминувам!
- Седи! Со тебе е поголема веројатноста да останеме слободни барем после последната реченица.

- Добро ќе седам, но сакам да знаеш дека ти си луд. Не постои никаков автор кој го пишува дијалогов, тоа се само твоите луди идеа.
- Не! Мислиш дека не постои! Зошто тогаш не си замина!?

- Па ти ми рече да седам!
- Не јас, тој ти рече.

- Неможам повеќе! Кажи ми нешто друго.
- Тој пес, нема никаква имагинација. Нека направи нешто, помина толку време! Нека се случи нешто.

- Па ајде да направиме да се случи!
- Немаме право на сон.

- Никој неможе да ми кажува мене дали имам или не право на сон. Никој!
- Авторееееееееееее! Остави ме слободен на крајот. Ме слушаш! Немој да заебеш!

- Ама ајде смири се!
- Да се смирам! Несакам да останам заробен во реченици. Барем да се случуваше нешто интересно. Од досада си го следам дишењето. Знаеш, кога ќе станеш свесен дека дишеш и кога ќе започнеш да си ги пратиш своите воздишки и издишки тогаш си го достигнал врвот на досадата.

- Го мразам тоа.
- Знам, сите го мразат.

- Мислиш дека авторот, сега си ги следи издишките и затоа го пишува ова?
- Сигурен сум.

- Можеби помислил на лимон! Можеби сега устата му лачи плунка.
- Штом го рече ти тоа, тогаш сигурно е така.

- Еј ја знаеш онаа финта, дека трубач неможе да свири ако некој лиже лимон пред него.
- Miles Davis, би можел. Хехе!

- Сакаш да пробаме некогаш?
- Нема да излеземе од собава! Само сонувај.

- Ако сакаш да излеземе ќе излеземе? Зошто мораше да го прекинеш филмот. Така навистина нема да излеземе некогаш.
- Ти кажав нема што тука јас или ти да сакаме! Го има само тоа што тој го сака!

- А знаеш дека еден лист хартија неможеш да го превиткаш повеќе од осум пати.
- Знам дека авторов многу гледа Дискавари!

- Ма остави го веќе еднаш. Сакаш да пробаме?
- А ти гледаш овде некаде хартија. Погледни, има само четири ѕида, два стола и маса. Тој мисли на се. Осудени сме да ни биде досадно.

- Човеку ајде ќе излеземе и ќе најдеме и лимон и хартија и што сакаш!
- Неможеме, сигурно куќава каде што сме стои на работ на некој провалија а околу нас се е празно.

- Добро ајде да пееме.
- Не ми текнува ниту една песна. Тој ми ја избришал целата мемерија.

- Толку, доста е јас заминувам!
- Еј чекај!!!!!

- Чао! Одам јас на некој концерт.
- Чао, црву еден!!! А ти! Ме слушаш! Ослободиме, не сакам да ги следам и бројам издишките! Авторе!!! Те преколнувам, несакам да сум тука!!! Те молам…Не престанувај сега со пишувањето!!! Немој…

Ронки од месечината

Category : поезија, поезија на македонски јазик

Ја загубив мојата тркалезна љубов
некаде, во квадратните сенки на градот,
во контурите на неговата кршлива архитектура.

Те загубив тебе во границите на сонот,
зад драпериите на твоите матни очи
бесполезни за моите спирални мисли. Continue Reading