twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Светилникот на Скорсезе

Category : рецензии | есеи, филм

„Островот Шатер“, новото остварување на Мартин Скорсезе, уште со почетната сцена прецизно ни навестува дека режисерот овај пат им завртил грб на преплавените Њујоршки улици и заедно со неговата нова муза Ди-каприо, тргнал кон еден „Хичкоковски“ остров, се со цел, до некаде да ги истражи лавиринтите на човековата психа, а донекаде да го воскресне стариот добар Ноар. Continue Reading

Берлин и падот на ангелот

2

Category : рецензии | есеи, филм

„Зошто е толку тешко
да се раскаже приказна?
Морам ли да се предадам сега?
Ако се предадам
човештвото ќе го загуби својот раскажувач.
А штом човештвото ќе го загуби раскажувачот
тогаш ќе го загуби и детството.“
Хомер во “ Небото над Берлин“

Да се направат притоки од поезија, да се пуштат приказните да лутаат како незауздани атови по бескрајното поле на градот, да се раскаже за детската невиност и прашање, да се сецира реалноста со толку прецизни резови што спектаторот не може ни да забележиш дека скалпелот на хирургот и не е баш најреален, а сепак на крајот се да се слее во една голема река– во приказната за приказната, грубо кажано е и главната одлика на ремек делото на Вим Вендерс, „Небото над Берлин“. Continue Reading

Алиса во Земјата на Чудата преку окото на Бартон

5

Category : литература, рецензии | есеи, филм

Годината 1937 сериозниот и почитуван професор на Оксфордскиот универзитет Џон Роналд Рејел Толкин објави – по повеќе прилози од филологија и извесен број главно незабележани песни – необичен роман за кепеци, џинови, волшебници, змејови и, се разбира хобити, „Хобит или Таму и назад“, чијашто популарност далеку ќе ја надмине научната репутација на својот автор. Во некоја друга универзитетска средина ваквото дело можеби не би му донесло многу почитување и дури би можело негативно да му влијае врз натамошната професорска кариера, но не треба да се заборави, тој на Оксфорд имал во тоа славен претходник – Чарлс Лудвиг Доџсон, во литературата попознат по својот псевдоним Луис Карол: …професор по логика и математика, кој во 1865 ја објавил својата разиграна низ лавиринтите на смислата и бесмислата, со логиката на сонот изместената „Алиса во Земјата на чудата“…

Влада Урошевиќ “Подземна Палата“ Continue Reading

Cinema 16 European Short Movies (Избор)

Category : рецензии | есеи, филм

За Cinema 16 и Amos Vogel

Cinema 16 е филмско друштво основано во 1947 година од страна на Амос Вогел во Њу Јорк. Таа година тој и неговата жена Марика започнуваат успешно да го водат еден од највлијателните филмски кружоци во северно Американската историја.

Cinema 16 прикажувал најчесто експериментални филмови кои се појавиле после Втората светска војна. Таму за прв пат биле прикажани филмовите на режисери како Roman Polanski, John Cassavetes, Nagisa Oshimaр, Jacques Rivette и Alain Resnais. Идејата за филмскиот кружок Вогел ја добива од една изложба на Maya Deren насловена како „ Three Abandoned Films“ ( Три напуштени филмови). Насловот на изложбата реферира на Guillaume Apollinaire и на неговото гледиште дека филмот никогаш не е завршен, туку само напуштен.

Continue Reading

IL Postino – Michael Radford

Category : рецензии | есеи, филм

За Michael Radford:

Мишел Редфор е режисер на некаде 14 филмови од кои морам да признам дека имам гледано само два „Поштарот“ и „1984„ за кои можам слободно да кажам дека ги вбројувам во едни од моите омилени филмови.

За да не го преполнувам постот со биографијата и достигнувањата на овај режисер повеќе за него може да најдете на Imdb и Wikipedia, додека јас повеќе ќе се сконцентрирам на Il Postino.

Continue Reading