twitter

Prev

Next

184 километри на час184 километри на час eзеро на пијаде 36 нафта на дримени панк на ристо крле 184 километри на час скопје облачно 3:28 перун горе велес долу не сум бил во велес собите си го јадат значењето ги менувам зависен...

Read more

Нова книга - „Секој со своето езеро“Нова книга - „Секој со своето...   Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта......

Read more

Стравот гради ѕидовиСтравот гради ѕидови   1. Зошто Ѕид?   Триесет години по завршувањето на студискиот албум „Ѕидот“, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок...

Read more

Постои нештоПостои нешто на нејзината кружност I. потои еден мирис сон за сон длабоко во градот длабоко во моќта... длабоко во времето длабоко и во ноќта постојат и очи свет за свет во мастилав мрак ...

Read more

Мост холограмМост холограм Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че...

Read more

Сатурн шестСатурн шест Мислев дека се асфалтите дупките и старите дуќани по ќошовите што не ме пуштаа да молкнам да тивнам тромави искривени во темелите болно загледани во времето кое минуваше бавно бавноо и...

Read more

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“) Бела музика (Кон Бариковата...   „Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика. Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика, напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно. Кога...

Read more

Инсомниа - преминување преку границитеИнсомниа - преминување преку...   1.Вовед   Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината...

Read more

Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]Екфразис [Разговори - Стевчо... Камен. Студена творевина на еден голем дух. Да, беше тоа некакво густо езеро. И еден глас... Кој знае од каде се пробиваше. „Еве ви птици водилки“, рече, „зарем друго ви е потребно“,...

Read more

ДопирДопир Не спие со денови градот магичен толку тивок подлегнат на снегот голема ладна комора сѐ се умртвило во пауза Не спие со денови ветерот толку тивок, суров... го гледам удира...

Read more

секој со своето езеро… Rss

Примена на науката во Симпсонови и Футурама

Category : рецензии | есеи, серии

 

Футурама, добро познатата анимирана ТВ серија на Мет Гронинг, попознат како таткото на Симпсонови, после неколку години пауза повторно се врати во етерот. И додека се чини дека новите епизоди на Симпсонови потфрлуваат земени во сооднос со старите, Футурама како помалку обработена почва е на добар пат да роди богат плод, а нејзините епизоди веќе се докажуваат како нови достојни следбеници.

Целта на овај текст, е пред се да ги истакне, извади на површина математичките референци кои од секогаш биле имплементирани во дветте серии, со тоа што првиот дел од текстот ќе се сконцентрира само на Симпсонови, додека вториот дел главно ќе ја образложи новата теорема на Кен Келер (еден од продуцентите и сценаристите на Футурама) која тој ја постави и докажа во една од новите епизоди на шестата сезона наречана „Затвореникот на Бенда“.

Continue Reading

Futurama [Matt Groening ; David X. Cohen]

Category : анимација, рецензии | есеи, серии

Futurama е второто (првото е The Simpsons) анимираното чедо на Matt Groening и David X. Cohen родено некаде во 1999 година. Мислењата во однос на серијата, барем на македонската публика, или уште поточно на луѓето со кои сум имал можност да разговарам, се поделени и варираат од “за никаде е“ до “ најдоброто серија направена некогаш“. Моето мислење не можам да го сместам ни во едниот, ни во другиот екстрем, туку некаде помеѓу двата, но дефинитивно поблиску до вториот.

Серијата започнува така што Philip J. Fry – испорачувач на пица и еден од централните ликови во серијата, веднаш после полноќ на први јануари 2000 година паѓа во „крајогенски замрзнувач“ по што се буди илјада години подоцна опкружен целосно со чудата на новиот милениум. Фрај уште во почетокот на серијата е претставен како лузер и локален идиот, па новото опкружување, иако полно со чудата на технологијата и нови возбудливи можности кои навидум се на дофат на раката, него му ја „подарува“ старата работа на испорачувач во една интернационална компанија наречена Planet Express. Таму Фрај се среќава со Лила (едноок капетан на бродот за планетарна испорака, некој вид на жена со едно око, чиј идентитет се дознава подоцна), Бендер (робот – пијаница, клептоман, егоцентрик и мизантроп), професорот Хуберт (луд научник, стар 160 години, потомок на Фрај, и основач на компанијата), Зојдберг (доктор-рак без никакво знаење), Ејми (богата шмизла на 31 век) и Хермес (сметководител на компанијата. Јамајканец). Planet Excpress е сместена во градот New New York изграден на руините на стариот New York.

Ваквото поставување на централните ликови во епизодата, годината и градот, дефинитивно дава едно широко поле за експериментирање, имплементирање на „спејс“ хумор како и безброј иновативни откритија за кои е потребна само фантазија. Мат и Коен очигледно се запрашале: Како ќе изгледа светот во 3000 година? Одговорот е долг.

Прво. За серијата да биде хипер-модерна, но сепак да остане во контакт со нашата сегашност и случувањата на овај свет, благодарение на Ron Popeil се „измислени“ тегли во кои се зачувани, живи, главите на претседателите, славните холивудски и музички ѕвезди и ред други. Тоа им дава на креаторите на серијата можност да се пошегуваат со голем број на луѓе, што се разбира е силно оружје. Ете да ги земеме South Park како пример (иако хуморот е тотално различен). Исто така главите често се поврзуваат со механички тела, па така на пример во една од епизодите Никсон го краде телото на Бендер и станува претседател на земјата. Главите се хранат со нешто што наликува на храна за риби.

Второ. Слично на телефонски говорници, уште во првата епизода, постојат самоубиствени кутии, каде што оној на кој општеството, животот и слично, го разочарале, или не одговориле баш нај хумано на неговите барање, може да си го одземе животот. Бендер и Фрај се запознаваат во една таква кутија на првата епизода. Бендер нарачува убиство од кутијата, редејќи во неа паричка која со конец врзана за неговиот прст со цел да може да ја повлече назад. Да нарачуваш убиство за себе, а да мислиш на парите кои нели нема да ти притребаат после тоа – е најдобриот опис на Бендер.

Трето. Во годината 3000 се случени неколку големи климатски промени. Така, поради „нуклеарната зима“ повеќе не постои елката, па новогодишните дрвја се палмите. Животните во Futurama се некогаш исти како денешните, а некогаш вкрстени едни со други. Постои и вкрстување помеѓу луѓе и животните. Роботите се најголемите загадувачи и тоа поради нивните „алкохолни системи“ што им наложуваат да пијат алкохол за да преживеат. Често во епизодите ваквите глобални климатски изместувања се главната нишка врз кое се држи дејствието. И каде без Ал Гор!

Четврто. Системот на патување е решен со помош на мрежа на исплетени туби, а колите немаат тркала. Некогаш наместо лифтови во зградите – самата зграда се спушта, па така ако сака некој да се качи на 14-тиот кат, тој кат се спушта токму на приземје, со што сите останати повремено одат под земјата.

Петто. Роботите во Futurama го сочинуваат најбројното малцинство и како што е случај во многу општества денес, така и таму со одредени исклучоци, се третирани како „второ-класни“ граѓани. Во време на нестабилност или воена закана – роботите се користат (преку активирање на нивните патриотски чипови) за целите на државата и војската. Роботите ги произведува Mum ICN. Преку неа (Mum) всушност Matt, како што прави секогаш, си игра со маркетингот триковите и јасно ја објаснува нечовечноста на големите „босови“, бирократиската поставеност на големите корпорации и  жедта за пари. И додека роботите ја третираат и гледаат како сопствена мајка, таа е топла и љубезна само пред малите екрани. Тоа не носи до телевизијата и медиумите.

Шесто. Телевизијата во Futurama e главен извор на забава. Каналите се прполни со насилство и сапуници. Најпозната сапуница е на еден робот. Интернетот е место каде што виртуелно може да се присуствува и е полн со поп-ап реклами кои летаат со помош на крилја и те напаѓаат уште на домашната страница. Остатокот е полн со порно соби и чат катчиња.

Седмо. Во неколку епизоди човековото месо се продава како и секое друго. Животот на човекот, во толку големо мулти општество е поставен еднакво, т.е на далеку пониски скали на вредности од денеска, па така тој може да се лови исто како и најобично животно. Сепак, ваквиот однос кон него не е баш најдобро решен.

Се на се, Futurama е преполна со креативни идеи. Во Futurama универзумот функционира!

Серијата е развиена за Fox мрежата и брои пет сезони, или уште поточно 88 епизоди. Долу ги имате на торент.

Најавено е дека во средината на 2010 Futurama ќе лансира нови епизоди. Чекаме.