twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Стравот гради ѕидови

Category : музика, рецензии | есеи

 

1. Зошто Ѕид?

 

Триесет години по завршувањето на студискиот албум Ѕидот, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок повторно е голема театрална рок-претстава која како своја базична конструкција ќе ја има старата екстравагантната идеја на концептуалниот албум, сценичноста на шоуто кое беше изведувано веднаш по објавувањето на истиот, како и темниот заносен визуелен амбис на истоимениот филм во режија на Алан Паркер. Тоа значеше дека трите кодови, оној на музиката, театарот и филмот, повторно ќе бидат здружени во еден амалгам кој што ќе му даде на модерниот гледач/слушател целосен, високо-технолошки, мултимедиален производ, само што овој пат личната трагедија на протагонистот втемелена во еден од најголемите имагинативни наративи во музичката историја кој што ја раскажува приказната на личната, персонална изолација, чии што последици, подоцна, поради репресираните стравови водат до една катарзична, но и деструктивна промена на индивидуата, овој пат ќе биде ставена во еден поголем, а според авторот и многу поважен контекст:

Требаше да измине долго време за да ги победам своите стравови. Во секој случај, како што доаѓаа годините така осознавав дека приказната за мојот страв и загуба, со целата нејзина пропратна и неизбежена траг на потсмев, срам и казна, претставува една алегорија со поглема важност: национализам, расизам, полова дискриминација, религија! Сите овие „-изми“  се раководени од истиот оној страв кој што ја раководеше и мојата младост.

(Roger Waters, Why the wall now?)

Continue Reading

Тишина во студиото! (40 години Atom Heart Mother)

2

Category : музика, рецензии | есеи

Пред точно четириесет години, славната млада четворка наречена Пинк Флојд, полека, но сигурно започнува да го остава својот печат врз богатата музичката историја на светот, притоа пробивајќи еден пат кој дотогаш бил сокриен никаде низ бројните варијациите на звукот. Со четири студиски албуми зад себе, од кој последниот наречен Ummagumma, бендот, во период од март до август 1970-тата, започнува да го снима својот петти албум (Atom Heart Mother), за кој денеска, гледано од оваа дистанца, може да се каже дека ја дефинирал траекторијата по која бендот ќе патува во иднина. Continue Reading

Песна за мојата песна

Category : музика, рецензии | есеи

На македонската музичка сцена, веќе повеќе од една деценија, може да се забележи еден музички тренд кој горе долу постојано осцилира околу една тенка црвена линија за која несомнено може да се каже дека го претставува нашиот традиционален мелос. Ваквата практика меѓутоа воопшто не е нова, нити во Македонија, а богами нити во светот, туку се позачестена во последно време, па така, зборувајќи за нашата земја доволно е да се земат во предвид неколку имиња кои уште во осумдесеттите и деведесеттите го исполнуваа скромниот македонскиот етер за истото да се докаже. Споменете си на Мизар, Леб и Сол, Анастасија… и се станува јасно. Исто така ако се погледне во поскорашното музичко минато, подобро би ни било да го затнеме едното уво, затоа што никогаш не се знае кога ќе ја чуеме оваа или онаа преубава македонска песна како излегува од некое распарано грло. За среќа, ситуацијата не е до толку црна, па на сцената доследно се појавија млади и постари ентузијасти, надежни, а и докажани музичари, кои до некаде ја вадат таквата ситуација од темниците во која западнала. Continue Reading

Надгробен Блуз

Category : музика, рецензии | есеи

„Нема да работам на фармата на Меги повеќе
О не, нема да работам на фармата на Меги повеќе
Па, се обидувам најдобро што можам
Да бидам тој што сум
Но сите други сакаат
Да бидеш, баш ко нив
Пеат дури ти робуваш и јас се досадувам
Не нема да работам на фармата на Меги повеќе“

Maggie’s Farm, Bringing It All Back Home

Младичот Роберт Зимерман се чувствува како паднат од небо. Не остава траги зад себе, не ја чувствува тежина на минатото, а неговото име се чини како да е составено  од гол воздух. Тој зачекорува и бавно се приближува до вратата на една блиска полициска станица. Годината е 1962. Пред да влезе Зимерман се врти кон нашата замислена камера и вели:

„ Си се родил , знаеш, погрешни имиња, погрешни родители… Мислам, се случува и тоа. Ќе си се викаш како што ти си сакаш да си се викаш. Ова е слободна земја.“ – а потоа влегува внатре. „ Пречкртајте го името. Нека биде Боб Дилан.“ Continue Reading

Porcupine Tree – The Incident

Category : музика, рецензии | есеи

Disk 1 Continue Reading