twitter

Prev

Next

184 километри на час184 километри на час eзеро на пијаде 36 нафта на дримени панк на ристо крле 184 километри на час скопје облачно 3:28 перун горе велес долу не сум бил во велес собите си го јадат значењето ги менувам зависен...

Read more

Нова книга - „Секој со своето езеро“Нова книга - „Секој со своето...   Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта......

Read more

Стравот гради ѕидовиСтравот гради ѕидови   1. Зошто Ѕид?   Триесет години по завршувањето на студискиот албум „Ѕидот“, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок...

Read more

Постои нештоПостои нешто на нејзината кружност I. потои еден мирис сон за сон длабоко во градот длабоко во моќта... длабоко во времето длабоко и во ноќта постојат и очи свет за свет во мастилав мрак ...

Read more

Мост холограмМост холограм Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че...

Read more

Сатурн шестСатурн шест Мислев дека се асфалтите дупките и старите дуќани по ќошовите што не ме пуштаа да молкнам да тивнам тромави искривени во темелите болно загледани во времето кое минуваше бавно бавноо и...

Read more

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“) Бела музика (Кон Бариковата...   „Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика. Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика, напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно. Кога...

Read more

Инсомниа - преминување преку границитеИнсомниа - преминување преку...   1.Вовед   Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината...

Read more

Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]Екфразис [Разговори - Стевчо... Камен. Студена творевина на еден голем дух. Да, беше тоа некакво густо езеро. И еден глас... Кој знае од каде се пробиваше. „Еве ви птици водилки“, рече, „зарем друго ви е потребно“,...

Read more

ДопирДопир Не спие со денови градот магичен толку тивок подлегнат на снегот голема ладна комора сѐ се умртвило во пауза Не спие со денови ветерот толку тивок, суров... го гледам удира...

Read more

секој со своето езеро… Rss

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“)

Category : литература, рецензии | есеи

 

„Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика.
Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика,
напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно.
Кога добро ја свират, небаре ја слушаш тишината како свири,
а кога ги гледаш оние што ја танцуваат божествено, чиниш неподвижни се.
Тоа е проклето тешка работа, таа бела музика.“
Александро Барико

Ќе го започнам овој текст, кој во целост ќе биде посветен на повеста на Александро Барико Свила со еден цитат од Итало Калвино од неговите Американски предавања, поточно со извадок од неговото второ предавање посветено на брзината. Калвино таму вели:

„ Во практичниот живот времето е богатство во однос на кое сме скржави; во литературата, времето е богатство со кое треба да располагаме спокојно и од дистанца: не станува збор за тоа да се стаса порано на некоја цел; напротив, економичноста на времето е добра работа зашто колку повеќе време ќе заштедиме, повеќе време ќе имаме за губење. Брзината на стилот и на мислата првенствено значи итрост, подвижност, лежерност;…“ (Калвино, 2006,31)

Причината поради која овој цитат беше потребен уште на почетокот на овој текст е токму поради она чувството на брзина и лежерност во стилот кое се раѓа веднаш штом читателот на Бариковата Свила ќе се соочи со нејзинити почетни страници. Брзина и леснотија, концизното поставување на временската и просторната рамка на наративниот текст, како и навидум недовлното портретирање на ликот на протогонистот Ерве Жонкур и неговата жена Елена во делото создава илузија како уште на почетокот на читателот да му е дадена свилена нишка-водилка која треба да ја следи за да не се изгуби. Continue Reading

Инсомниа – преминување преку границите

Category : литература, рецензии | есеи

 

1.Вовед

 

Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината природа и разоткривање на ангажираните постмодерните техники, неминовно е тука, во рамките на просторот, најпрвин кратко да се позборува за постмодерниот роман и особено за неговите главни карактеристиките.

Дефинирање на терминот роман и негово спрегнување во една единствена дефиниција во која би ги синтетизирале сите негови карактеристики е речиси невозможно. Затоа на романот е најдобро да се погледне од дијахрониска перспектива, да се проследи неговиот развиток како жанр и со тоа да се доспее до неговата денешна, или уште попрецизно, неговата нео-модерна форма. Сепак, бидејќи таквата историска рекапитулација непотребно би го проширила овој текст, тука само накратко ќе се фокусирам на одликите на постмодерното писмо.

Marcel DuchampДваесетиот век е еден од најбурните периоди во историјата на човештвото. Тој, од едната страна е загушен од двете Светски Војни, од големата депресија и Студената војна, додека од друга страна, како антипод на овие случувања го имаме вртоглавиот развиток на науката и раѓањето на теориите на Дарвин, Маркс, Ниче, Фројд, Јунг, Ајнштајн и ред други. Ваквата состојба несоменено придонесува модерната литература, а со тоа и модерниот роман да се изменат. Модернистите од првата половина на дваесетиот век го ставаат под знак на прашање постоењето на бога, супериорноста на човековата раса, одговараат на прашањето дали животот е воопшто вреден за живеење, тие ја одгатнуваат природата на реалноста. Во првата половина на дваесетиот век ќе бидат испишани големите имиња на Џојс, Д.Х. Лоренс, Пруст, Вулф, Фокнер, Броџ, Музил, а многумина ќе сметаат дека токму во овој период се испишани последните големи дела. Continue Reading

Фолклорната сага на Урошевиќ (Невестата на змејот)

1

Category : литература, рецензии | есеи

„На тоа викање од Дуња Ѓузели, ја чул еден змев од облаци ји на часо беше се сторил еден голем орел, та беше се пуштил со голема сила на Дуња Ѓузели и ја грабнал со ноктите, та ја преврлил на себе и летнал, та се качил на една висока планина и си ја клал во пештерата негоа кај што си живеел за да си ја има убаа невеста. Кога ја кренал орелот, спискала Дуња Ѓузели што ја грло течи, и чул царев син, чул и јунако Патенталија (таму му било името на јунако), и ја виделе кај што ја однесол орелот.“

Марко К. Цепенков:
„Македонски Народни приказни“
(Скопје, 1989)

     Земајќи го Цепенков како репер во романот-бајка Невестата на Змејот, Влада Урошевиќ вешто го споил фолклорниот исказ со една современа тематика и со тоа успеал да создаде еден постмодерен текст богат со лексички и раскажувачки вредности. Невестата на змејот е своеивден колаж од навидум некомплементарни дискурси кој си поигрува со народното творештво, усната традиција, митологијата, хрнотопот, верувањата и обичаите. Таа е изградена преку низа постмодерни техники, а нејзината централна проблематика е фокусирана кон судириот меѓу различните светови, митското и историското, проблемите на модерниот свет, историјата, општеството, културните и моралните вредности и воошто погледнато во еден поширок конеткст, судбината и иднината на малите нации/држави како и нивното место, вреднoста и улога во денешниот свет прегрнат од глобализацијата. Главната сижетна линија во оваа комплексна интертекстуална мрежа составена од книжевни и кнежнижевни дискурси е потрагата на Денко по својата сестра Летка која е грабната од Зелениот змеј. Continue Reading

Алиса во Земјата на Чудата преку окото на Бартон

5

Category : литература, рецензии | есеи, филм

Годината 1937 сериозниот и почитуван професор на Оксфордскиот универзитет Џон Роналд Рејел Толкин објави – по повеќе прилози од филологија и извесен број главно незабележани песни – необичен роман за кепеци, џинови, волшебници, змејови и, се разбира хобити, „Хобит или Таму и назад“, чијашто популарност далеку ќе ја надмине научната репутација на својот автор. Во некоја друга универзитетска средина ваквото дело можеби не би му донесло многу почитување и дури би можело негативно да му влијае врз натамошната професорска кариера, но не треба да се заборави, тој на Оксфорд имал во тоа славен претходник – Чарлс Лудвиг Доџсон, во литературата попознат по својот псевдоним Луис Карол: …професор по логика и математика, кој во 1865 ја објавил својата разиграна низ лавиринтите на смислата и бесмислата, со логиката на сонот изместената „Алиса во Земјата на чудата“…

Влада Урошевиќ “Подземна Палата“ Continue Reading