twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Стравот гради ѕидови

Category : музика, рецензии | есеи

 

1. Зошто Ѕид?

 

Триесет години по завршувањето на студискиот албум Ѕидот, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок повторно е голема театрална рок-претстава која како своја базична конструкција ќе ја има старата екстравагантната идеја на концептуалниот албум, сценичноста на шоуто кое беше изведувано веднаш по објавувањето на истиот, како и темниот заносен визуелен амбис на истоимениот филм во режија на Алан Паркер. Тоа значеше дека трите кодови, оној на музиката, театарот и филмот, повторно ќе бидат здружени во еден амалгам кој што ќе му даде на модерниот гледач/слушател целосен, високо-технолошки, мултимедиален производ, само што овој пат личната трагедија на протагонистот втемелена во еден од најголемите имагинативни наративи во музичката историја кој што ја раскажува приказната на личната, персонална изолација, чии што последици, подоцна, поради репресираните стравови водат до една катарзична, но и деструктивна промена на индивидуата, овој пат ќе биде ставена во еден поголем, а според авторот и многу поважен контекст:

Требаше да измине долго време за да ги победам своите стравови. Во секој случај, како што доаѓаа годините така осознавав дека приказната за мојот страв и загуба, со целата нејзина пропратна и неизбежена траг на потсмев, срам и казна, претставува една алегорија со поглема важност: национализам, расизам, полова дискриминација, религија! Сите овие „-изми“  се раководени од истиот оној страв кој што ја раководеше и мојата младост.

(Roger Waters, Why the wall now?)

Continue Reading

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“)

Category : литература, рецензии | есеи

 

„Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика.
Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика,
напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно.
Кога добро ја свират, небаре ја слушаш тишината како свири,
а кога ги гледаш оние што ја танцуваат божествено, чиниш неподвижни се.
Тоа е проклето тешка работа, таа бела музика.“
Александро Барико

Ќе го започнам овој текст, кој во целост ќе биде посветен на повеста на Александро Барико Свила со еден цитат од Итало Калвино од неговите Американски предавања, поточно со извадок од неговото второ предавање посветено на брзината. Калвино таму вели:

„ Во практичниот живот времето е богатство во однос на кое сме скржави; во литературата, времето е богатство со кое треба да располагаме спокојно и од дистанца: не станува збор за тоа да се стаса порано на некоја цел; напротив, економичноста на времето е добра работа зашто колку повеќе време ќе заштедиме, повеќе време ќе имаме за губење. Брзината на стилот и на мислата првенствено значи итрост, подвижност, лежерност;…“ (Калвино, 2006,31)

Причината поради која овој цитат беше потребен уште на почетокот на овој текст е токму поради она чувството на брзина и лежерност во стилот кое се раѓа веднаш штом читателот на Бариковата Свила ќе се соочи со нејзинити почетни страници. Брзина и леснотија, концизното поставување на временската и просторната рамка на наративниот текст, како и навидум недовлното портретирање на ликот на протогонистот Ерве Жонкур и неговата жена Елена во делото создава илузија како уште на почетокот на читателот да му е дадена свилена нишка-водилка која треба да ја следи за да не се изгуби. Continue Reading

Инсомниа – преминување преку границите [Димитрие Дурацовски]

Category : литература, рецензии | есеи

1.Вовед

Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината природа и разоткривање на ангажираните постмодерните техники, неминовно е тука, во рамките на просторот, најпрвин кратко да се позборува за постмодерниот роман и особено за неговите главни карактеристиките.

Дефинирање на терминот роман и негово спрегнување во една единствена дефиниција во која би ги синтетизирале сите негови карактеристики е речиси невозможно. Затоа на романот е најдобро да се погледне од дијахрониска перспектива, да се проследи неговиот развиток како жанр и со тоа да се доспее до неговата денешна, или уште попрецизно, неговата нео-модерна форма. Сепак, бидејќи таквата историска рекапитулација непотребно би го проширила овој текст, тука само накратко ќе се фокусирам на одликите на постмодерното писмо.

Marcel DuchampДваесетиот век е еден од најбурните периоди во историјата на човештвото. Тој, од едната страна е загушен од двете Светски Војни, од големата депресија и Студената војна, додека од друга страна, како антипод на овие случувања го имаме вртоглавиот развиток на науката и раѓањето на теориите на Дарвин, Маркс, Ниче, Фројд, Јунг, Ајнштајн и ред други. Ваквата состојба несоменено придонесува модерната литература, а со тоа и модерниот роман да се изменат. Модернистите од првата половина на дваесетиот век го ставаат под знак на прашање постоењето на бога, супериорноста на човековата раса, одговараат на прашањето дали животот е воопшто вреден за живеење, тие ја одгатнуваат природата на реалноста. Во првата половина на дваесетиот век ќе бидат испишани големите имиња на Џојс, Д.Х. Лоренс, Пруст, Вулф, Фокнер, Броџ, Музил, а многумина ќе сметаат дека токму во овој период се испишани последните големи дела. Continue Reading

Примена на науката во Симпсонови и Футурама

Category : рецензии | есеи, серии

Футурама, добро познатата анимирана ТВ серија на Мет Гронинг, попознат како таткото на Симпсонови, после неколку години пауза повторно се врати во етерот. И додека се чини дека новите епизоди на Симпсонови потфрлуваат земени во сооднос со старите, Футурама како помалку обработена почва е на добар пат да роди богат плод, а нејзините епизоди веќе се докажуваат како нови достојни следбеници.

Целта на овај текст, е пред се да ги истакне, извади на површина математичките референци кои од секогаш биле имплементирани во дветте серии, со тоа што првиот дел од текстот ќе се сконцентрира само на Симпсонови, додека вториот дел главно ќе ја образложи новата теорема на Кен Келер (еден од продуцентите и сценаристите на Футурама) која тој ја постави и докажа во една од новите епизоди на шестата сезона наречана „Затвореникот на Бенда“.

Continue Reading

Фолклорната сага на Урошевиќ (Невестата на змејот)

1

Category : литература, рецензии | есеи

„На тоа викање од Дуња Ѓузели, ја чул еден змев од облаци ји на часо беше се сторил еден голем орел, та беше се пуштил со голема сила на Дуња Ѓузели и ја грабнал со ноктите, та ја преврлил на себе и летнал, та се качил на една висока планина и си ја клал во пештерата негоа кај што си живеел за да си ја има убаа невеста. Кога ја кренал орелот, спискала Дуња Ѓузели што ја грло течи, и чул царев син, чул и јунако Патенталија (таму му било името на јунако), и ја виделе кај што ја однесол орелот.“

Марко К. Цепенков:
„Народни приказни (волшебни приказни)“
Скопје, „Македонска Книга“, 1972

Најзачестената претстава за змејот денеска, благодарение на филмската индустрија, е онаа каде тој е насликан како голем крилест гуштер прекриен со некој вид на крлушки (тврди плочки од рожеста материја), злобно суштество кое опожарува села и чест непријател на луѓето сокриен високо во некоја планинска пештера. Continue Reading