Фучам со левава рака и прам ветер. Фијууууууууууу! и бам во 1998. Ако ви се лошит од патот повратете слободно, чистачката идат во 12 на полнојч и ја чистит шталава така да немат никаков проблем шо би се рекло.
Си одвев прее со црвен автобус накај дома и ми текна на една друга распадната кујча шо висеше некаде низ Енхалон мала. Кујчата немаше функција освен шо нејзината ограда, нием, 4 курајбери ја напрајвме голем фудбалски гол. После долго врме играње ни текна дека од оградата мојт да напрајме четири мали голови па да играме игра наречена „ На мали голчиња“. Така и напрајвме. Арно ама како и секогаш во вакви приказни имат по некој лош. Нашиот негативец беше Јусуф – албанец шо беше сопственик на кујчата. Нѐ гонеше и бркаше нон-стоп. И така еден ден си играме ние на сред улица фудбал на мали голчиња и туку од зад Д. се појавјат Јусуф со секира. Д. не го гледат. Не го гледат – не го гледат. Ние почвиме да бегаме и да го тргаме Д. со нас. Тој нѐ бркат, ние се криеме, никому ништо – позната приказна.
Се малтретиравме така секој втор ден во неделата, се дур еден ден не ни ги зеде голчињата. Сѐ отиде у пичку мајчину од тогаш. Д. појма немам кај е, нешто студират. И, ми е Сват и се глупираме секогаш ко че се најјме некаде низ Mакоедонијава. Б. е некаде низ Струга. Ја појма нема шо прам моментално.
Од тогаш топка не фатив, ни со рака, ни со нога. Спортот ми дојде и ми замина во животов чудно. Така се осејчам сега дека че ми заминит и поезијата еден ден. Како? Исто како ко че помислам на автобусот прееска. Застана на една раскрцница на семафор. Ја се потам и чекам да се запалит зелено светло. До мене во моментот се паркират друг автобус. Гледам во него и од прозорецот го гледам Рембо опкружен со „обични“ луѓе. Тој уште е млад, а мене секое движење ми се чинит дека е поезија. Наеднаш се палит зелено светло за право, автобусот со Рембо тргвит и заминвит, а ја останувам да чекам – зошто автобусот во кој сум јас, драги читатели, чекат да завртит за десно. Грешен број, јебига – поетите се во другиот автобус.












![Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]](http://joldeski.com/wp-content/uploads/2011/01/%D0%B4%D0%B4%D0%B4.jpg)



