Таа пролет отворија стриптиз бар одма до двете кошаркарски игралишта во Струга и туку наеднаш заживеја спортот во градот. Џабе ти било нови купој, нови кошој, нови тренери, нови топки, нови дресој, нови паркети по салите, џабе… стриптизерки било мајката. Морат бре модерно денес да мислиш, иначе маф ти е работата. Continue Reading
Со почит
На Свот.
1.
Тропам еден ден кај Свтон на врата ја и туку ми се појавјат тој – али едно пет сантиметри поголем од вчера. Го гледа ја ко некој прост, уште не до расонет и му вика:
- Абе шо си ко повисок нешто?
- Ништо бе, вчера пораснав во спиење едно пет сантиметри. – ми викат и си се качвит по скалите нагоре, ко да ми кажал дека му паднало пенкалото.
Ода ја по него и се труда да спореда дал стварно е така. Испадвит дека е. Наеднуш ми теквит нешто и одма му вика:
- Абре сега си повисок од она кукајцана твоја шо ја сакаш.
Се вртит. Го гледам му светкет очите и му се мрдат брадана триаголник шо ја имат под долната уста и туку викат:
- Еј стварно бе, ич не ми текна на то! Немат кафе пиење, ојме да ја најме.
Тргвиме ние ни пет ,ни шес накај гиманзијана и чекаме да ѕвонит. Седнавме на една клупа таму и само шо се расприкажавме нешто, притропа онај чеканон шо го имет ѕвончињана. Т. Излезе прва. Пред некој ден му кажа на Свот дека бил низок за нејзе. Пустата беше многу лична. Црна коса до над газ. Лицето нејзино на машкиве им делуваше така шо не знајш шо да допајш со раката. Средно паметна беше, али имаше цицки шо му одговараа на Свотон – и то беше то… гласот и беше малце чуден – ко зарипната чучулига беше. Ко че го слушнев по прв пат и дека не навикнат на амплитудата, се ежев.
- Еј, шо прајте бе! – ни викат а мене ми се кревет влакнава на рацеве. Ко моторна пила низ мозок од сабајле да ми поминала, ебате!
- Ево – и викат Свотон и наеднуш станвит.
Се доближвит до неа и таа гледат дек овај е некако повисок. Го гледат во нозете – шангајки носит, не е до патиките. Овај пак насмеан со сите заби, играт паметно, не ѝ викат ево сега сум доволно висок, тук само си чутит.
- Шо бе, – му викат – пораснат си некако.
- Епа растам јас – таков су. – и викат тој – Кажи и Свот? – и намигвит накај мене
- Растит – и викам ја – или пак ти се смалвиш. Нешто че да е.
Се замисли едно време, али на крајот свати дека јас сум истиот и напрај некоја чудна фаца накај мене. Се тргнав малце настрана и ги остадов сами. Ко заврши одморот, си заминавме. Го поканала да излезет.
Вечерта Свтон се спеми и излезе. Сабајлето беше апатичен. Носела штикли. Црвени. Ништо не биднало.
2.
Ко поминаа некаде 3 месеци од случката, ми се јавјат Г. цела во паника и ми викат:
- Овај будалава ми порасна на клупа! Дур седевме бре! – и панично се смејт.
Ја пак ја слуша и ко навикнат на то да сум и викам
- Колку?
- Шо бе колку!?
- Сантиметри.
- Ти бе ко ова секој ден да ти се дешават! – ми викат.
- Кажи колку?
- Шо знам… многу…. некаде 10 мислам.
- Прашај го колка штикла носит М? – и викам и слушам кај шо го прашвит.
- 6ка викат тој, и кажи му да ме чекат дома му.
Дојде брзо. Одма се нацртавме во школскиот двор на гимназијата. По пат го гледам вејче ме надминал две глај. Ѕвонит ѕвончето и М пак прва. Пак идат накај нас. Свотов пак станвит. Пак истиот дијалог како првиот пати. Пак на крај се договрија да излезет. Бројчана типка – немат шо.
Вечерта Свтон си пушти AC-DC и си го нашили… Облече некоја кошула, рече „Turkish was, this wasn`t“ и замина.
Сабајлето ко го видов гледаше формула. Носела мини сукња. Бела. Ко си заминале цела сукњичка ибила со зелени флеки од трева, осатоци од трски и негој отпечатоци.
3.
Е сега. Свот и М поодеа некоја година, па раскинаа ради висината. Тој се напрај штафла и уште растит. Таа остана пикавец. Тој ја заборај пошто не ја ни сакаше. Таа пак нем, зш викет дека голем чоек потешко се заборавал. Тој ни сега не ја памтит М. Таа сигурно мислит на него. Него ако го прашате че речит дека приказнава су ја измислил. Можда че бидит далеку од вистината, можда че бидит блиску – и ја не зна најточно.
Свотон и ден денес си бијет битки со величината како тогаш со М. Продолжи и во животов таа стратегија да ја користит. Некогаш зголемвит по потреба, некогаш намалвит. Така функциноират. Еден ден замислете ми се јави и ми кажа:
„ Свот, пунтото – чиквеченто го напрајв. Вевчани во една трафостаница. Да знајш, дан не речиш не су ти кажал„
Кафе. Сол по потреба.
На мојот сакан пар Атиноѓен и Даница.
Играјте мирни танци на небото.
- 1.
За едниот мој дедо, од мојве бледи сејчавања за него, можам да ви кажа само дека беше висок. Абре кога и да помислам на него ми се чинит дека го гледа тој наречникот негов како на првата нојч од негојот живот викат: „Нека бидит висок, метар и девеесет. Нит педа појче, нит педа помалку… За другото не знам, како че му се погодит, така нека бидит.“ Не дека било така, туку мене ми одговарат така да си мислам. Умре пустиот ко имав седум години. Првата смрт шо ја памтам е неговата. На погреб не ме однесоја.
Дедо ми мој, по име Атиноѓен работел покрај другото и една работа шо ја сака да си ја нареквам – „спуштај - кревај“. Шо кревал? Шо мојш да креваш Струга ако не бранана кај Света Петка, кај фабриката за огледала шо е. Таму преку едни скали се слегвит во срцето на мостот под кој шо имат едно сечило шо се креват и спуштат со помош на рачки. Ако го крениш сечилото „длабокион“ Дрим се намалвит, а пак зато се зголемвит нивото на „плиткион“ т.е онај од странана на џупска мала. Ако пак го спуштиш то сечилото, нормално, сѐ се дешават по обратна пропорција.
Уште од тогаш, на многумина им бил интересен процесов на празнење на Дримов и то од една едноставна причина – пенине шо се создавет од струјана на водана, ко че е спуштена бранана, се губет. То значит дека од таму мојт да поминит сѐ шо претходно било заглавено од сечилово. И така еден ден мојот дедо си ја кренал браната. Поминале неколку сати и ко се вратил да ја спуштит за да го донесит теков на водава во нормала, гледат од под мостов идат кошница. Во кошницата писмо, а на него јасно се гледат дека е напишано Атиноѓен. Скокат одма дедо ми во вода, ја фајчат кошницава со левата рака, а со десната испливјат на брегот. Уште пред да го прочитат писмово, одма трчат да видит кој го пуштил. Префрлат преку мостов, ојт на другава страна, али џабе – таму немат никој. Кејов празен. Го отварат сиот задишан писмово и читат:
„Ам, ја те сака!“
Дедо ми тогаш имал 20 години. Момичињата го сакале, али не до толку да почнет писма да му прајчет. Ама пак на кого и да му пуштет таково писмо, и колку и да не си ласкат чоек себе си, сите на крај го прајме то. Така и дедо ми. Се заљубил до уши.
- 2.
По пат почнал да ојт како крилја да имат. Почнал да потскоквит чоеков и да се понашат со сите љубезно. Дома му почнал да ѝ помогвит на мајка му и на татко му, пиел помалку, а пред момичкиве се понашал примерно зш секој можела да бидит таа шо му прајчат писма и шо го сакат. И така терал цела недела.
Некој ден одел пак да ја креват браната. Ја кренал, водава се смирила и тук наеднаш пак гледат кошница со писмо. Сакал одма да појт преку мост и да ја видит момата шо му го прајчат писмото, али ако го напраел то, писмото че му избегало. Се стрпил, скокнал и го истајл надвор. Без да се потрудит да се стрчат преку мост го отворил писмото.
„ Знам дека сакаш да знајш која сум, али стрпи се. Првата буква од името ми е „Д“ “
Дедо ми само шо не се онесвестил. Уште дента почнал само пред тие шо се викале на „Д“ да се понашат убо, а пред другиве си се вратил на старото. На таа буква пак биле само две девојки: Данче и Донка. Него пак му одговарала било која. Ги гледал, ги меркал, си фантазирал. Почнал ѝ на двете со огледала да им светит во очите ко че оделе по улица. Им давал јаболка и шо ја знамм сѐ друго. Како и да е, муабет со нив никако праење.
Од дома му го гледале на дедо ми и им одговарало шо е таков.
- 3.
Поминал еден месец и таман почнал да се нервират шо не добил писмо од Д. туку му се појавило дур кревал на бранана. Изнервиран решил да ојт наместо кон писмото, кон тој шо го пуштат. Се качил по скали, излегол на мостот и видел некоја во син фустан како трчат по кејон. Ја стигнал за 1 минута. Ко ѝ привикал за да се свртит, шо че видит – тетка му!
- Ти ми ги прајчаш мор писмава цело време! – ѝ свикал.
- Ја тете! Али почекај да ти кажа зш!
- З`ш мори кукајцо!?
- Па уствари мајка ти и татко ти рекоја „ И така ние му ја најдовме жената барем да му напрајме интересно да му е!„
- Значит стварно постој „Д.“ само шо вие во нејзино име ми пуштате писма!
- Така некако. Немој да се љутиш. – му рекла ова, а овај се насмеал.
- И која е? – ѝ викнал срамежливо – Данче или Донка. А?
- Не бре – му викнала тетка му – Даница се викат. Од Присовјани е. Татко и е Црногорец. Татко ти кажвит дека ко че одмарал викал „ И одмарање е глагол!“.
- Даница, велиш? Уба е?
- Не ја имам видено.
- Добро, ко така ел да ја спушта бранана и че ојме накај дома заедно.
Ко пошол дедо ми дома му кажале дека тие му ја сплетиле играта.
- Ајде, облечи се. Ојме да ја запознајш жена ти. – му рекол татко му.
Тргнале накај Присовјани. Мојте да замислите како му било дур се појче и појче се приближвел до неговата идна жена. „Ам ако не е уба?“ си мислел „ Шо прајме тогаш? Че морат да бега од дома или да се жена со сила“. Стигнале до кујчата. Ко ја видел Даница, дедо ми автоматски заборајл и на Дејана и на Донка. Се заљубил пустиот до на небо и назад.
Татко му и мајка му на дедо цел живот ја раскажвеле приказнава. Викале дека дедо се заљубил во баба само ради писмата нивни, иначе демек немало шанси да ја земит за жена. Дедо пак тврдел дека не е така. Ја вика – кој знајт!? Можит само се погодиле три убај моми и една срејчна приказна. Шо викате а?
Category : раскази, Штамата на Енхалон
На Крсте Чачански и мојот татко.
- 1.
Сѐ во ова приказна че започнит со то шо вие најпрвин че ја замислите улицата „Дримени“ во Струга во три сатот поручек. Поточно, замислете ја кујчата со број 19, со тераса над која шо имат преубо црвено цвејче ползавец, а пред нејзе 3 диви костени. Одма до таа кујча имат друга: напуштена, на три спрата, и скоро целата искршена. После то замислете две деца, едното девојче од 15 години, облечено прилично лошо и уште едно момче, со исто толку години, бушаво и облечено во сино бела маица. Тој бушавиот сум ја – Wezdensky шо ви ломота ево токму сега, а финото, лошо облечено девојче е Зу.
Пред да почнит приказнава и све дури сцената погоре опишана стојт како здрвена пред твојте очи, че морам да те замолам љубезно, тебе, читателу, да се тргниш од кучата со број 19 кај шо претходно те поставив без да знам з`ш, да се скриеш некаде кај шо никој немат да мојт да те најдит и кај шо нема да мојш да го прекиниш приодниов тек на случкава шо сака да ја раскажам. Најубо че е да се скриеш во полено со `ченки одма зад костените и да замислиш дека меѓу мене и Зу се одвиват следниов дијалог:
- Знајш дека пак виделе како излегвит свештеникот од кујчава до тебе?
- Доста те бре со тие глупости! Ви се гледало сениште, чудовиште, свештеник, не знам ти шо! На 15 години! Многу филмој гледате. Немат никој шо излегвит навечер од кујчава и не ме замрајте со то.
- Абре вистина, Свотон го видел… ми рече дека личел на татко ти…
- Хахаха! На татко ми! То е најглупото нешто шо го имам слушнато. – ѝ викам и се падвам од смеење.
- Убо бе, кој те ебит, ако сакаш верви… си заминва ја – ми велит и си одвит.
Вечерта седам дома и се џара во телевизорон. Сатот девет навечер. Татко се спремат и заминвит за в`канцаларија. Работат до касно секогаш. Сметководство. Ресава ебате! „Чао, чао“ – си велиме. Како шо сум седел пред телевизор, сум заспал без да знам. Се буда негде во три и го гледа татко ми се врајчат од на работа. На него носит црн кишник за дожд! Го гледа и ми теквит на „свештеникот„ на Зу. „Пичку матер“ си мислам. „Мојт татко ми стварно да е тој манијакот шо кој знајт шо прајт во празнана напуштена кујча!? М? Можно е?“
- 2.
Другиот ден пак седам, џаболебарам и туку пак ми се дешават истото. Заспивам пред телевизор и во три сатот после полнојч го гледа татко ми пак со црниот кишник се врајчат од на работа. „Аааа.“ си вика „че морат да проверам.“
Го чекам другата вечер ја скриен на едниот костен и туку гледам кај шо се приближвит чоек во црн капут и влегвит во кујчата. Ја ни пет, ни шес, влегва по него. Тој се качвит најгоре на трети, по него ода ја. Ко стигна до таму му викнав по името на татко ми. Не се сврти. Викнав пак и се сврти. Не можев да му ја видам фацата ама ко ме виде излезе на балконот и скокна од терасата. Падна на земјата и то на нозе и не знам како ама не скрши ништо. Поседа така клекнат малце и преку едно мосте на каналот зад кујчата избега на автопатон шо е за накај Охрид. Разгледав околу мене. Немат ништо.
Наеднаш слушам трчат некој поскали и туку го гледам татко ми во црна наметка иста како на чоекот од пред малце.
- Шо прајш ти овде!?
- Сакав да видам кој е мистериозниот чоек, со кој шо го тупет сите!
- Ова е приватна сопственост, стоко! Может да те затворет за провала! – ми се дерит тако ми.
- Абе прво влезе еден, имаше капут ко твојот… А ти бе од кај овде?
- Те видов на балкон, а го видов и типот шо скокна, па дојдов.
- И, кој е!?
- Не знам, не му се гледаше лицето. Ти го позна?
- Не – му викам – ни ја не го видов.
- Ајде да си ојме дур не дошол некој. – ми викат и така си заминавме.
Седиме другиот ден на ручек и мајка ми, му викат на татко ми:
- Многу си го извалкал кишникон за дожд, бре.
- Знам – ѝ викат тој и сркат од супата.
- Како да си скокал од трети – му викат таа и се смејт, без да сватит дека можно е и да скокал!
- Не треси глупости – ѝ свика тој – седи јади – а мајка ми седвит.
- Ти теквит бе ко се градеше кујчава до нас, дека остај едно чудо раскази во една ѕигла горе на трети? – му викат таа, а ја го гледа и не ми се вервит. – Само дур беше во таа соба пишеше, после то стана досаден.
- Од кај ти теквет такви глупсти. Молчи и јади – ѝ викат и туку ѕиркат да видит ја шо-како се понашам.
- Аман бре каков си, не мојт чоек ни убај работи да ти раскажит.
- То не се убај работи. А ти не туку ми се пули –викат по мене!
3.
Другата вечер одма ја и се пушта во експедиција. Ко некоја нинџа влегва во кујчата да ги барам расказите. Гледам една скршена тула и внатре ливче остаено. Го земам и се врајча дома на раат да го почитам.
„ Ти стварно мислиш дека сум бил писател! Остај ја ти мајка ти. Таа не ја знајт приказната. Писателот беше Чачански! Одевме еднаш од Струга за Драслајца пешки. По пат ми рече да играме игра. За секоја буква шо че ја кажеше тој – требеше да се измислет зборој. Кој појче че измислит тој победвит. Умре пред некоја година. Лесна да му е земјата. Ја му ги препишвев скришум расказите на времето! Ево ти дел од еден негов расказ да го прочиташ.
Чутурнага
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерка ми и синот: играме шах, не двајца туку четворица и одеднаш. Четирите играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така диши граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние најблиските по крв и месо сме тоа: победници и поразени…
Е така да знајш!“
Го зедов писмото и се вратив дома. Татко ми беше заспан на фотејлата. На масата стоеше збирка раскази од Крсте Чачански наловена со то чудно име „Чутуранга“, а под неа роман со наслов „Сенката на Лилјакот“. Ги зедов и ги почитав во еден здив.
Од тогаш ниту еднаш не прозборевме со татко ми на таа тема, ама мудро си молчевме. Се гледаме туку-така ние четворицата: ја, брат ми, татко ми и мајка ми и игравме тивко некоја игра без да знајме која. Ние играме, а таа се тркала, се одбиват од земјата и туку удира во нас. Чутуранга!
4.
Улицата Дримени се печит на џешкото сонце. Немат никој. Од далеку идат некој чоек. Не можам да го видам најубо кој е. Вака ми излгедат како чуварот на нивата кај шо си скриен ти читателу драг. Чекај да вида подобро…. Да… тој е… чуварот. Екрем се викат. Многу е лош… Бегај море шо чекаш, уште некоја реченица на ражен!
Category : раскази, Штамата на Енхалон
Не знам зш, али никогаш до сега не сум напишал ништо за мојот студенски живот. А ево, да сум искрен како и секогаш – немав ни сега некоја посебна намера да не ме потсетеше она теткицана на студентски, шо Пепе – еден од мојте вселенски брајча и го собират од дамна, дека за последен пат чекам ред во она малана просторија со низок таван кај шо и демоните паѓет в несвест од шо е џешко.
Е сега да се изберит за шо да се пишит од овие четири години и не е така лесно, исто како шо не е лесно да живејш со тројца Охриџани. Е сега ја како чоек од поубајот град – малце по на запад од онај кај шо таксистине сакет да ти земет 500 денари за до Струга – морам најпрвин да ви ги претставам цимерите. Така на сцена ги добиваме:
Кољомир од Оровник – Охридско,
Буф од Скребатно – Охридско,
Тачка од Белчишта – Охридско и
Ја Везденски од Драслајца – Струшко.
Све сељак до сељак.
Е сега ко почнав со имињава барем да ги објаснам и основните карактерситики на сите:
Кољомир – главен лик на приказнава која че следи е чоек шо немат два грама мозок и кој му го скрати животот на Буф за едно 10тина години.
Јование Зоограф– најпрвин наивна жртва за која името кажува сѐ.
Буф - бушаво створење за кое может да се напишет томој. Изгубен во свемирот, ретко ја допират реалноста и наседвит на секое ебано нешто кое че му го зготвит Кољомир.
Јас – лиот од покрај Дрим со желба за пишење.
Пред точно две години, се врајча ја од скитање во нашиот изнајмен стан некаде во Капиштец и гледам како Јование го бркат Кољомир по станот. Ги смирвам и двајцата и прашвам шо е работата. Ми го раскажаа следново:
Кољо на кој шо му здосадило, пошол во собата кај шо седел Јование и му рекол:
- Брат, го чистев штампачон и голтнав од бојата од кетриџон. Многу ми се лошит!
Јование, мирно свирејчи си на гитара и воедно знаејчи го Кољомир му рекол:
- Бегај бре, не сум ја Буф мене да ме заебаваш.
- Абе стварно море! Многу ми се лошит.
- Убо. – му рекол овај и си продолжил да свирит.
Излегол Кољомир од собата и се вратил во неговата. Јование си седел и си свирел ко наеднаш слушнал како нешто силно треснало. Одма станал пошол во собата и ко че видит шо че видит: Кољомир легнат на земја, се тресит неопределено и од устата му течит бела пена. Нормално ко ѝ секој шо би изреагирал, и овај се стресил од глетката. Арно ама пред било како да изреагират видел дека во пената шо му течит од устата имат и светло црвена боја. Одма сватил дека уствари овај паста имат во устата. Тука Кољомир почнал да се смејт и Јование да го бркат за да го пребиет. Тука всушност влегов ја во станот.
Од ко ги смирив, седнавме. Кољомир незадоволен со резултатот ни рече дека то че му го напраел на Буф и демек ако сакаме и ние мојме да учествуваме. Ја се откажав, а Јование не сакаше да чует. После некоја минута се појави и Буф. Се поздрави и ојде во собата да учит. Кољомир одма после 5 минути влезе кај него и му го кажа истото шо и на Јование т.е. дека лижнал од бојата на кетриџот. Буф нормално го избрка после се шо имаше преживеано со него.
Следна ситуација: Седиме сите четворица во различни соби кога од WC сe слушат силен удар на капак од шолја и како чоек паѓат на земја. Тргаме сите наеднаш кон таму, а прв стигвит Буф и ја гледат следнава слика: Кољомир само по боксерици легнат врз плочките, се тресит и од устата пуштат бела пена.
Јование одма почна да се смејт, а богами и ја исто. Буф целиот во паника не примејчат дека ние всушност се смејме и почвит да го грабат телефонот за да јавит во болница. Сиот потресен и возбуден не мојт да го свртит бројот. Почна да побледвит и да бладат. Јас се трудев да му кажа дека е заебанција, ама не можев од смеењето, а исто и Јование. Наеднаш Буф го зеде тушот и сакаше да го испрскат на Кољомир со вода по шо овај стана и му рече:
- Бегај бе, не прскај ме бе! Шо ти е тебе! – и му се изнасмеа.
Тогаш се деси хаварија која не ја памтам најточно, али знам дека падна голем ќотек и тој на кој шо му беше упатен место да викат од болка, се виткаше од смеење.
И за шегаџија требит да имаш јајца.












![Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]](http://joldeski.com/wp-content/uploads/2011/01/%D0%B4%D0%B4%D0%B4.jpg)



