twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Замислете, живи сте!

Category : Останати

 

 

Замислете само на кратко дека немате онолку години колку што имате. Замислете ете дека имате 23 години и дека на една партиска прослава поради некакви нејасни причини ве брка еден грамаден службеник, ве фаќа и брутално ве убива. Толку. Не барајте објаснување. Повеќе ве нема на списокот на живите. И сите наоколу си свиркаат. Го одминуваат твоето стврднато тело сакајќи да веруваат дека тоа е некоја скулптура! Но утрто кога сонцето ќе се роди повторно, сите сваќаат дека тоа не е уште една скулптура – туку дека е човек. МРТОВ БРУТАЛНО ПРЕТПЕАН ЧОВЕК!

После тоа, нормално, мртов ве пакуваат во ковчег и ве пикаат неколку метри под земјата. А надвор е топлол јунски ден. Но вие не знаете. Повеќе не сте во можност да се жалите на пеколната клима на Скопје! Не можете ни да го бакнете љубениот. Замислете… само замислете… за среќа, тоа уште го можете… Лежете мртви во тесен гроб, а таму горе над вашето ладно тело, токму над вашиот мермерен споменик две гласни групи се тргаат со едно јаже од живи луѓе. Насекаде крици. Не можете ни мртов мирот да си го најдете. А тие продолжуваат ли продолжуваат. Не го пуштаат јажето и само се тегнат, се тетераваат – де налево, де надесно! На крајот од силина им се појавуваат и крилја и борбата за јажето продолжува горе, возвишено над небото! И којзнае до кога така ќе се борат, зошто на светот не постои едно јаже! Кога ќе го уништат она „вашето“ – веднаш наоѓаат друго. Како некој ебан магичен круг!

Но нема да се мачам повеќе и нема да ве мачам и вам со вакви грозни сценарија!

Сега, само ако сакате за крај, замислете дека авторот фатално погрешил погре, дека тој изумил и ги помешал ликовите. Ви кажал дека сте мртви, а всушност мртвиот е друг! Вие сте живи драги! Вам ви е даден избор! Вие можете да го погледнете сонцето! Може да ја допрете тревата во парк! Можете да се смеете, можете и да плачете! Вашиот биолошки сат работи во топ форма! Вашиот мозок функционира! Насмевнете се, вие може да зборувате и да извикуваате колку сакате! Вие можете цврсто да згазете на земја. Вие може да бидете јаже што ќе стега! Вие може да кажете дека ви е доста од црвеното, дека ви е преку глава од синото, и дека редно е да престанат да ви продаваат ацетон како боја! Вие мора да кажете СТОП ЗА ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ! СТОП ЗА ГНИЛИТЕ МЕДИУМИ! СТОП ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ МАНИПУЛАЦИИ!


Кај најде баш сливата бре Господи!

1

Category : Останати, раскази

На Климе Јолдески
Почивај во мир…
И овој расказ го доби
крајот заедно со твојот крај,
а толку беше отворен

Се нишаат старите гранки на сливата во дворот на дедо ми Климе. Ветерот дува и ги подвиткува гранките, им ја разнишува снагата и дрвото полека чиниш се предава на судбината. Дедо ми рони солзи од неговите стари очи, гледа низ прозорецот како го губи и последното овошно чедо и само си ја стиска шаката во тупаница. Липа кутриот и се лепи за прозорското окно. Не можеш да познаеш дал внатре или надвор врни. Дождот уште повеќе се засилува, зема снага и дува: кон југ, кон север, кон исток, кон запад – не можеш редот да му го фатиш. Баба ми пак се спружила на софата. Некогаш и чукаат клукајдрвците на староста во глава и туку ќе ја видеш си ја врзала шамијата натопена во ракија и гледа неодредено. Во собата се чувствува мирис од 55 степени лута ракија. Continue Reading

Никогаш не знаеш што ќе те убие

1

Category : Останати, раскази

Дамјан Род и Марла Крон  се сретнаа едно топло препладне на една автобуска постојка. Автобусот каснеше како и вообичаено. Кога таа му побараа запалка, Дамјан ја погледна и само бавно ја спушти раката во џебот. Покрај клучевите ја дофати и ѝ понуди оган. Додека пламенот трепереше на топлиот ветар тој во нејзините очи уште веднаш го препозна незадоволството од она што сите го нарекуваа живот. Continue Reading

Пролетта во овај град

1

Category : Останати, раскази

Напишано по иницијатива на Илина и Букбокс

Некој ми чука на прозорецот. Бавно ја повлекувам темно сината завеса и пред мене, со едната нога на малиот лимен правоаголник, а другата високо подигната до стомакот, стои штрк. Си ги тријам очите и погледнувам повторно. Штрк, нема што… Мачорот Паф се сокрил под столот и збунето гледа во утринскиот натрапник – непријател. Го отворам стариот прозорец . Штркот влегува во собата и седнува во фотелјата. Мачорот се костреши. Погледнувам на календарот, 20 март. Поранил . Наеднаш Паф скока и го зграпчува кутрото суштество за ногата. Tоа пак почнува да прета и да фучи со крилјата. Ги разделувам.  Штркот бега и застанува во дворот на соседната зграда. Се облекувам со невидена брзина и излегувам надвор. Continue Reading

Магарешкиот ум и братот на Ван Гог

3

Category : Останати

Се случи вчера, на Скајп. Јас и Тина Тодороска во надреален двобој. Труп над труп – Прекрасен труп.

На кратко за играта: Едниот играч пишува прашање и на другиот му го кажува само прашалното зборче (на пример Зошто, Што, Дали…). Другиот играч пишува одговор без притоа да го знае вистинското прашање и се така…. Труп над труп.  Во своите истражувачки авантури, надреалистите ќe измислат и најразлични игри преку кои непрекинато ќe сe обидуваат во продирањето на скриените можности на несвесното.

Еве го нашиот дијалог кој би сакал да го наречам:

Магарешкиот ум и братот на Ван Гог

Н: Што е покорисно од запирка?
Т: Тоа е магаре кое знае што сака.

Т: Знаеш ли Ненад што сака магарето?
Н: Мислам дека тоа се, празни кутии, во кои некогаш се чувале зборови, за кои се верувало дека ги јадат мислите на противниците.

Н: Зошто постои сонот?
Т:
Затоа што цената на суровините ја потикнува нашата креативност. Ќе дојде денот кога фразата „измиливме топла вода„ ќе биде минато.

Т:Дали знаеш нешто за искривување на времето?
Н: Само под услов да врне дождот, а ќелав бездомник да стои на улицата, да гледа во небото и бескрајно да го повторува зборот крај!

Н: Дали нихилистите го презираат спектарот на бои?
Т:
Секако, тоа е онај возбудлив момент кога качен на својот велосипед сакаш да го визуелизираш спокојното вретње на тркалото.

Т: Каков е твојот однос со космосот?
Н: Тој е како некој чуден луциден сон, најпрвин е во комбинација на жолта и зелен бој,а а дури подоцна станува црвено- зелен, за на крај се да избледни до точка на слепило.

Н: Кога беше последниот пат кога си помислила на стаклено ѕвоно?
Т:
Кога мртвите станаа, дојде крајот на времето и сите посакаа да продолжат понатаму.

Т:Што мислиш каде ќе тргнат?
Н: На една карпа,  високо издигната на езерото, каде што ветарот разговара телефонски со братот на Ван Гог.

Н: Зошто се премислуваме?
Т:
Заради потребата од движење, од менување перспективи и заради енергијата која не мирува.

Н: Дали мразиш кога некој толку силно настојува на нешто?
Т: Не, тоа не е поимливо за еден магарешки ум.

Т: Дали си помислил како би живеел како вегетаријанец?
Н: Да, само ако постои бог!

Според истата игра е нашишана и следната песна.

Паѓаат пеперутки од жолтото небо,
во него мислите ко црни точки, птичови гневот
да замине и да се прекрши
докрши, смачка,
да стане една голема флека,
ко постела мека што ме опфаќа небаре толку значајна
за ти да ја фотографираш
маркираш, аранжираш и се што треба…
Само слепец кој би можел да гледа
кујна сета во маслинки расрфлана и се гневи, вреба
се повторува тоа немо ехо,
одзвонува во ушите, но не, не е то
тоа е само на зверот смевот,
несмасно ја убива тишината
и само неа без никого, без мачнината, без мачињата
а тие играат со сината трева,
дива, обрасната но мека, што мравјалник крие,
сличен на онај што твој е
и никогаш немој да заборавиш
и се да оставиш, да откажеш,
се што денес во нотесот си го прибележал за важно
и исчезнеш бар за кратко,
ќе собереш ли храброст за назад?
Премисли се и ќе бидеш заробен,
ќе собираш глувчји нокти,
и правиш ланец за некако времето да мине,
а ти да останеш цел,
а твоите фрагменти нема да се соединат со твојата кожа
ко болна блажена заблуда, ко џихад,
а тоа и нема да биде  толку жалосно
но вреди знаеш,
жалоста за себе е толку нежнам пријатна и тивка,
и затворајќи ги твоите очите таа ќе ти шепне,
Милост, милост…

————————————————————————-
Примери:

Пол Елијар: Што е тоа да се пишува без да се мисли?
M.Ф.(не е познато за чии иницијали се работи): Toa e свилена долна облека врз очите. * * *

M.Ф.: Што е тоа надреализам?
Бретон: Toa e стар прибор за јадење од калај пред пронаоѓањето на вилушката. * * *

Бретон: Што е тоа разум?
Eлијар: Toa e oблак изеден од месечината.