twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Кратки приказни по граматика, геометрија и математика за големи и мали

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Напомена: Овие се три кратки приказни од книгата со работен наслов: Кратки приказни по граматика и геометрија за големи и мали. Авторот длабоко сака да и заблагодари на Маргарита која понекогаш знае да му го врати времето наназад…

Кратка приказна за несреќниот извичник

 

На една бела пространа рамнина си бил еден извичник кој си ја загубил точката. Се шетал кутриот по рамнината, ама никако не можел да си ја најде точката, ниту пак се сеќавал каде ја изгубил. Тие двајцата се сакале премногу, меѓутоа некако се случило ете да се загубат. Извичникот без точка пробал да ја довика точката, ама бидејќи не бил целосен од него не излегувал никаков глас. Решил да ја бара по туѓи рамнини. Така и направил. Прошетал илјадници рамнини ама никаде не си ја сретнал точката. На крајот решил да се откаже од потрагата и застанал тажен на една друга рамнина. Тогаш една точка се приближила до него и му рекла: Continue Reading

Кратка приказна за контролата на возовите

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Еден воз на изненадување на патниците и без да се знае поради кои причини се движеше напред – назад по шините. Иако утрото требаше да тргне од третиот перон и да се упати кон градот Трито, тој само одминуваше неколку метри и веднаш штом ќе земеше залет биваше повлечен кон назад. Се чинеше како некоја невидлива рака да си поигрува со неговата судбина и на патниците веќе започна да им се лоши од таквото несмасно однесување. Тие веднаш започнаа да ја обвинуваат компанијата, а некои од нив дури и успеаја да излезат со бледи лица како да имаат некаква шинска болест… На перонот можеа да се забележат неколкуте збунетите лица на оние кои се збогуваа и едно младо момче кое неуморно мавташе со својата рака во ист ритам со движењето на возот. Continue Reading

Кратка секавична приказна (графит – опасност)

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Г. го избриша носот од ракавот и излезе низ вратата. Одеше 20 метри па заврти лево во една тесна уличка. На ѕидот покрај еден од контејнерите стоеше графит:

„ Размислувајќи за мене заборави на мене“

Г. речиси секој ден гледаше во тој графит. Не знаеше кој го напишал, ниту што точно сакал да пренесе со него. Која беше неговата порака? Кој беше одговорот на тој графит. Проба со се што му падна на памет. Најпрвин помисли на црево. Тоа се разбира немаше логика. Продолжи со чаша, пиштол, очила и многу други работи, но ниту една од нив не го даваше посакуваниот одговор. Тоа му стана своевиден ритуал кој го повторуваше секој ден.

Г. работеше како полицаец во градот. Тој стануваше на утро, појадуваше, го читаше графитот, работеше, се враќаше дома, вечераше, некое време продолжуваше да размислува за графитот, гледаше филм (во меѓувреме барајќи одговор за поентата на графитот) и на крај заспиваше. Ретко се случуваше да излезе со некој од малкуте другари кои ги знаеше. Така му минуваше времето.

Еден ден наполни 50 години и веќе беше најстариот полицаец во градот. Како и секое утро појадуваше и тргна за на работа.  Излезе низ врата, одеше 20 метри па заврти лево во тесната уличка. Г. се насмевна на графитот кој секое утро веќе 25 години го поздравуваше и како по обичај почна да набројува работи што би ја одгатнале таа мала графит- загатка: пластика, шише, смеа, нога, прашање, живот, канта……..Живот! – извика тој на сиот глас и започна да се радува.  Конечно откри. Се насмевна и продолжи да чекори. Одеше така неколку чекори и наеднаш застана. Се почеша по главата, ја спушти насмевката од своето лице и повторно погледна кон графитот. – Да, живот! – рече и се застрела.

Кратка приказна за тенката црвена линија

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

На вратот истетовирав артерија
за да ме присетува дека сум жив
а на стомакот
уште еден папок,
во случај некој да не знае
за мојата втора мајка.

Сонував. Седиме со своите другари во една широка просторија, а пред нас шише со вино. Никој од нас не може да ја отвори тапата! Не може со отворач, не може да ја турнеш надолу во виното! Ништо! Одам кај комшиите за да видам дали тие ќе можат да го отворат шишето. Ѕвонам на вратата и пред мене се појавува господинот Т. нервозен како никогаш и ми вели: „Што е ти! Пак со тие проклети шишиња! Пак си се заклучил во виното! Дај ми го ваму!„ и го зема внатре. Јас само ја држам главата наведната, а после неколку секунди тој доаѓа ми го враќа шишето отворено и ја треснува вратата. Заминувам, а кога ќе погледнам внатре се гледам себе, мал како се давам во преполното шише и со последни сили си велам себе: „Поезија! Само таму сум јас жив, морону. Град! Поезија! Запамети!„ и бавно пропаѓам на дното.

Се будам и почнувам да пишувам поема и еве веќе завршува неуспешно.

Воздухот да ги замениш за стихови. Каква дарба,какво проклетство. Тенка црвена линија…

Кратка приказна за светлината

Category : Кратки приказни за сѐ, раскази

Михаил го проверуваше своето електронско сандаче. Имаше меил од неговиот пријател од другата страна на океанот. Кликна и почна да чита

„ Вчера Г. го притисна копчето над кое со лош ракопис испишав „Гравитација“ и светлото се згасна. Несмасниот сонувач-кривец кој очигледно поверува во мојата шега се засрами од својот лековерност и бесшумно излезе низ вратата. Откако повторно го притиснав копчето, светилката засвети, а само после неколку стотинки прсна и сета своја дотрајаност одново ја преточи во истата онаа мрачна темнина од пред малку. Замина мојата последна светилка, пријателче. Тажна е оваа наша земја.

Ти кажував дека во нашиот мал град продавниците веќе една година не продаваат светилки, па луѓето мора да патуваат со километри за да ги набават од соседниот град. Сепак никој не го прави тоа откако се случуваше некои да тргнат да си купат светилка за својот дом и никогаш да не се вратат назад. Денес секој еден знае дека ако ја премине границата на двата града – подоцна нема да знае да го најде излезот и дека ќе остане засекогаш таму.

Сепак, во центарот на нашиот град има една стара фабрика за свеќи. Носи име „Пандора“ и е под стечај. Се надевам дека утре ќе успеам да влезам внатре. Посакај ми среќа.

Се најдобро
Не.над. “

Михаил погледна во светилката над неговата глава, ги подигна рамениците, се почеша по главата и без да размислува ја избриша пораката.

На Стефан Голабоски.
Почивај во мир.