Ми трепери снагава на ветеров. Од врвот на коренот се до другиот врв на мојот највисок лист чувствувам како постојам и полека се распаѓам. Двоврвен сум. Така роден – див костен. Од горе ме демнат громови, од долу човекот. Покрај мене Големата Бара си го пенее синилото со векови. Стар сум и уморен. Се молам да ме снема, да не постојам, но моите молитви не стигаат никаде и само шумот на лисјата исплашено ми се вртка наоколу. Ништо на светот не ми остана. Само овие неми предели преполни со вода и мртви камења. И по некој тажен лебед. Јас и мојата фантазија. Името ми е Aesculus Hippocastanum и моити корења се распаѓаат во една мртва плажа. Continue Reading
Драги мој, ти сигурно си изненаден што јас, градот од неколку магични улички, повторно ти зборувам. Помислуваш, каков чудесен град, а јас уште истиот миг црвенеам од срам и душата некако започнува да ми се топли. Од оџаците на старите куќи излегува чад. Зима е, всушност. Сѐ е толку тивко што ти драги мој воопшто не помислуваш да се вратиш во својот дом, покрај топлото огниште и нервозниот водител на ТВ приемникот, зошто за прв пат во својот живот мислиш дека се наоѓаш на правото место. Можеби не си далеку од вистината, не знам, но зарем не сакаш повторно да зборуваме?
(пауза. мачна тишина)
Знаеш…ме болат асфалтите. Пукаат. Сѐ полека се распаѓа, а ти не ни помислуваш да се вратиш од таму каде што си се вивнал како детски змеј на силен северен ветар. А велат доаѓаат полоши денови и се пострашни облаци. Водата ќе биде плитка драги мој… Зошто тогаш да не поразговараме, јас и ти… како во старите добри времиња. Било што било. Кој ќе памети. Ајде…
(пауза. истата мачна тишина)
Погледни ме! Зарем никогаш нема да го тргнеш погледот од таа проклета светилка! Знаеш и јас понекогаш помислувам дека ми доаѓа крајот! И тогаш сиви облаци се распостелуваат над моите празни улици и…. знаеш…. сите светилки се гасат! Ќе биде темно, а зимската тишина е најстрашна од сѐ! Верувај ми. Името ми е градот кој зборува: зборувај ми Владимире Лур!
* Фотографија: Никола Матоски. (кликни за zoom)
* Трет расказ од циклусот: Владимир Лур. (Записите се изведуваат во живо во вид на перформанс. Првиот таков перформанс беше одржан во Гевгелија на Бош Фестивалот во паркот „Виолета“. Следниот ќе се одржи во кафе барот Калабалак во Струга.
линк до првиот расказ: Името ми е Владимир Лур
линк до вториот расказ: Името ми е Магдалена Фо
Јас гребам со канџите врз денот секој пат кога дождецот пакосно ќе навали на градовите што ги посетувам и како магичен декоратор ќе ги исполни безбројните дупки во асфалтот. Тогаш бегаат стаорците… тогаш сите се присетуваат на Емпедокле… тогаш никој од нас на ништо не се сеќава … тогаш се кострешам. Името ми е Магдалена Фо и понекогаш заборавам кон кој правец беше љубовта, а кон кој омразата. Continue Reading
на љубовта, абортираните писма
и тагата на незапишаните стихови
Ноќите ми горат брзо како некоја кибритка, со оној истиот опоен мирис на барут, за некои толку одвратен а за некои пак сè – вечност во неколку мига. Вистински постојам само навечер и тоа како по непишано правило токму во оние часови и оние улички во кои често ги наоѓаме сомнителните патници во расказите на некои мрачни фантазери. Името ми е Владимир Лур и јас сум заљубен во една црна улична светилка. Continue Reading
















