Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Оганот не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго, уште потопло и поопасно, и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, огнот продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не сакајќи да му противречи на лудоста, го слушаше како дете. Сите знаевме дека огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој од нас не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави. Continue Reading
Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнуваше на усните, сето време и една фотографија на која ние во двојна експозитура пливавме во темно море. Во бледите на зората часови останував сам, а потем го минував времето лулајќи се во колевката на постоењето. Continue Reading
Скопје. Корегиран дискурс.
Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои книгата за Бројгел која ја позајмив. Се присетувам на „Падот на Икар“. Чудно е, но не можам да си го споменам Бројгел, а на неговото име како асоцијација да не ми се закачи и Вилијамс.
„ According to Brueghel
when Icarus fell
it was spring. “ Continue Reading
Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети.
Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам речиси сите почетоците на моите раскази. Раскази?
Дрвјата се оголени. Градот се повлекува во себе како полжав. Луѓето со него. Во големата јатка се спрема бура. Од надвор допира дует на пијано и виолина. Се слушаат гаврани. Мислата ми се топи. Ја препознавам мелодијата на Макс Рихтер. Сините бележници на Кафка. Continue Reading
Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме да спијам на раат. Беше упорна. „Тоа се мои раскази!“ извикуваше, „Мои, не негови!“ Ја гледав бледо и заспано. „Ти работиш во банка.“ и реков, „Да не си се помешала со фактурите.“ Се возбуди уште толку. Почна да зборува нејасно за некакви изгубени раскази и за нејзиното форматирано усб кое го порнашала во џебот на мојот татко. Потем се изгуби некаде. Се обидов да заспијам но помислата за мојот татко и неговата наративна клепотманија колку што ме возбудуваше, толку и ме плашеше. Не успеав да заспијам повотрно. Му јавив.
На пладне ручав со него на една тераса на Дрим. Не му спомнав ништо за мајка ми. Го гледав како јаде. Со едната рака ја држеше вилушката и бодеше алчно на храната, додека со другата извади лист од џебот. Нов расказ. Рече дека сака искрено да му кажам што мислам за него. Се насемевнав. Беше насловен: Поплава. Помислив на мајка ми и започнав да читам. Continue Reading















