twitter

Prev

Next

184 километри на час184 километри на час eзеро на пијаде 36 нафта на дримени панк на ристо крле 184 километри на час скопје облачно 3:28 перун горе велес долу не сум бил во велес собите си го јадат значењето ги менувам зависен...

Read more

Нова книга - „Секој со своето езеро“Нова книга - „Секој со своето...   Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта......

Read more

Стравот гради ѕидовиСтравот гради ѕидови   1. Зошто Ѕид?   Триесет години по завршувањето на студискиот албум „Ѕидот“, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок...

Read more

Постои нештоПостои нешто на нејзината кружност I. потои еден мирис сон за сон длабоко во градот длабоко во моќта... длабоко во времето длабоко и во ноќта постојат и очи свет за свет во мастилав мрак ...

Read more

Мост холограмМост холограм Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че...

Read more

Сатурн шестСатурн шест Мислев дека се асфалтите дупките и старите дуќани по ќошовите што не ме пуштаа да молкнам да тивнам тромави искривени во темелите болно загледани во времето кое минуваше бавно бавноо и...

Read more

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“) Бела музика (Кон Бариковата...   „Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика. Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика, напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно. Кога...

Read more

Инсомниа - преминување преку границитеИнсомниа - преминување преку...   1.Вовед   Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината...

Read more

Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]Екфразис [Разговори - Стевчо... Камен. Студена творевина на еден голем дух. Да, беше тоа некакво густо езеро. И еден глас... Кој знае од каде се пробиваше. „Еве ви птици водилки“, рече, „зарем друго ви е потребно“,...

Read more

ДопирДопир Не спие со денови градот магичен толку тивок подлегнат на снегот голема ладна комора сѐ се умртвило во пауза Не спие со денови ветерот толку тивок, суров... го гледам удира...

Read more

секој со своето езеро… Rss

Мост холограм

1

Category : раскази, Стругата на Чудата (работен наслов)

Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че се десит кај и да е: падна дрвенион мост во Струга. Му попушти левата нога на кутриот, се скрши и протона в Дрим. И така остана. Никој ништо не напрај во врска со то и ко во Струга секој ден да паѓаа мостој, и ко Дрим да знаеше сам шо да си напрајт со него без да имат потреба тука да се мешет луѓето или недај боже власта шо имаше многу попаметни работи од кревање мостој и поврзвење црни брегој на црни реки, останаа остатоциете од мостот долу в тиња заглибени. Никој ништо не презеде – барем не првите години. Се деси – се деси. Почни да го забораваш зш нов нема да видиш уш еднуш. Кој го сликал, фотографирал, опишвел – убо, кој не – че го гледат од архивираниот материјал, од колективната меморија во крајна рака ебате, ако не од нејзе тогаш од имагинацијата – секогаш имат некаква резерва. Continue Reading

Чудни се патојте до врвот

3

Category : раскази, Штамата на Енхалон

Таа пролет отворија стриптиз бар одма до двете кошаркарски игралишта во Струга и туку наеднаш  заживеја спортот во градот. Џабе ти било нови купој, нови кошој, нови тренери, нови топки, нови дресој, нови паркети по салите, џабе… стриптизерки било мајката. Морат бре модерно денес да мислиш, иначе маф ти е работата. Continue Reading

Пролетта во овај град

1

Category : Останати, раскази

Напишано по иницијатива на Илина и Букбокс

Некој ми чука на прозорецот. Бавно ја повлекувам темно сината завеса и пред мене, со едната нога на малиот лимен правоаголник, а другата високо подигната до стомакот, стои штрк. Си ги тријам очите и погледнувам повторно. Штрк, нема што… Мачорот Паф се сокрил под столот и збунето гледа во утринскиот натрапник – непријател. Го отворам стариот прозорец . Штркот влегува во собата и седнува во фотелјата. Мачорот се костреши. Погледнувам на календарот, 20 март. Поранил . Наеднаш Паф скока и го зграпчува кутрото суштество за ногата. Tоа пак почнува да прета и да фучи со крилјата. Ги разделувам.  Штркот бега и застанува во дворот на соседната зграда. Се облекувам со невидена брзина и излегувам надвор. Continue Reading

Шеги во кафе со три лајчиња сол

1

Category : раскази, Штамата на Енхалон

Со почит

На Свот.

1.

Тропам еден ден кај Свтон на врата ја и туку ми се појавјат тој – али едно пет сантиметри поголем од вчера. Го гледа ја ко некој прост, уште не до расонет и му вика:

-          Абе шо си ко повисок нешто?

-          Ништо бе, вчера пораснав во спиење едно пет сантиметри. –  ми викат и си се качвит по скалите нагоре, ко да ми кажал дека му паднало пенкалото.

Ода ја по него  и се труда да спореда дал стварно е така. Испадвит дека е. Наеднуш ми теквит нешто и одма му вика:

-          Абре сега си повисок од она кукајцана твоја шо ја сакаш.

Се вртит. Го гледам му светкет очите и му се мрдат брадана триаголник шо ја имат под долната уста и туку викат:

-          Еј стварно бе, ич не ми текна на то! Немат кафе пиење, ојме да ја најме.

Тргвиме ние ни пет ,ни шес накај гиманзијана и чекаме да ѕвонит. Седнавме на една клупа таму и само шо се расприкажавме нешто, притропа онај  чеканон шо го имет ѕвончињана. Т. Излезе прва. Пред некој ден му кажа на Свот дека бил низок за нејзе. Пустата беше многу лична. Црна коса до над газ. Лицето нејзино на машкиве им делуваше така шо не знајш шо да допајш со раката. Средно паметна беше, али имаше цицки шо му одговараа на Свотон – и то беше то… гласот и беше малце чуден – ко зарипната чучулига беше. Ко че го слушнев по прв пат и дека не навикнат на амплитудата, се ежев.

-          Еј, шо прајте бе! – ни викат а мене ми се кревет влакнава на рацеве. Ко моторна пила низ мозок од сабајле да ми поминала, ебате!

-          Ево – и викат Свотон и наеднуш станвит.

Се доближвит до неа и таа гледат дек овај е некако повисок. Го гледат во нозете – шангајки носит, не е до патиките. Овај пак насмеан со сите заби, играт паметно, не ѝ викат ево сега сум доволно висок, тук само си чутит.

-          Шо бе, – му викат – пораснат си некако.

-          Епа растам јас – таков су. – и викат тој – Кажи и Свот? – и намигвит накај мене

-          Растит – и викам ја – или пак ти се смалвиш. Нешто че да е.

Се замисли едно време, али на крајот свати дека јас сум истиот и напрај некоја чудна фаца накај мене. Се тргнав малце настрана и ги остадов сами. Ко заврши одморот, си заминавме. Го поканала да излезет.

Вечерта Свтон се спеми и излезе. Сабајлето беше апатичен. Носела штикли. Црвени. Ништо не биднало.

2.

Ко поминаа некаде 3 месеци од  случката, ми се јавјат Г. цела во паника и ми викат:

-          Овај будалава ми порасна на клупа! Дур седевме бре! – и панично се смејт.

Ја пак ја слуша и ко навикнат на то да сум и викам

-          Колку?

-           Шо бе колку!?

-          Сантиметри.

-          Ти бе ко ова секој ден да ти се дешават! – ми викат.

-          Кажи колку?

-          Шо знам… многу…. некаде 10 мислам.

-          Прашај го колка штикла носит М? – и викам и слушам кај шо го прашвит.

-          6ка викат тој, и кажи му да ме чекат дома му.

Дојде брзо. Одма се нацртавме во школскиот двор на гимназијата. По пат го гледам вејче ме надминал две глај. Ѕвонит ѕвончето и М пак прва. Пак идат накај нас. Свотов пак станвит. Пак истиот дијалог како првиот пати. Пак на крај се договрија да излезет. Бројчана типка – немат шо.

Вечерта Свтон си пушти AC-DC и си го нашили… Облече некоја кошула, рече „Turkish was, this wasn`t“ и замина.

Сабајлето ко го видов гледаше формула. Носела мини сукња. Бела. Ко си заминале цела сукњичка ибила со зелени флеки од трева, осатоци од трски и негој отпечатоци.

3.

Е сега. Свот и М поодеа некоја година, па раскинаа ради висината. Тој се напрај штафла и уште растит. Таа остана пикавец. Тој ја заборај пошто не ја ни сакаше. Таа пак нем, зш викет дека голем чоек потешко се заборавал. Тој ни сега не ја памтит М. Таа сигурно мислит на него. Него ако го прашате че речит дека приказнава су ја измислил. Можда че бидит далеку од вистината, можда че бидит блиску – и ја не зна најточно.

Свотон и ден денес си бијет битки со величината како тогаш со М. Продолжи и во животов таа стратегија да ја користит. Некогаш зголемвит по потреба, некогаш намалвит. Така функциноират. Еден ден замислете ми се јави и ми кажа:

„ Свот, пунтото – чиквеченто го напрајв. Вевчани во една трафостаница. Да знајш, дан не речиш не су ти кажал„

Кафе. Сол по потреба.

поштарот не пуштат писма по вода

1

Category : раскази, Штамата на Енхалон

 

На мојот сакан пар Атиноѓен и Даница.

Играјте мирни танци на небото.

 

  1. 1.

 

За едниот мој дедо, од мојве бледи сејчавања за него, можам да ви кажа само дека беше висок. Абре кога и да помислам на него ми се чинит дека го гледа тој наречникот негов како на првата нојч од негојот живот викат: „Нека бидит висок, метар и девеесет. Нит педа појче, нит педа помалку… За другото не знам, како че му се погодит, така нека бидит.“ Не дека било така, туку мене ми одговарат така да си мислам. Умре пустиот ко имав седум години. Првата смрт шо ја памтам е неговата. На погреб не ме однесоја.

Дедо ми мој, по име Атиноѓен работел покрај другото и една работа шо ја сака да си ја нареквам – „спуштај -  кревај“. Шо кревал? Шо мојш да креваш Струга ако не бранана кај Света Петка, кај фабриката за огледала шо е. Таму преку едни скали се слегвит во срцето на мостот под кој шо имат едно сечило шо се креват и спуштат со помош на рачки. Ако го крениш сечилото „длабокион“ Дрим се намалвит, а пак зато се зголемвит нивото на „плиткион“ т.е онај од странана на џупска мала.  Ако пак го спуштиш то сечилото, нормално, сѐ се дешават по обратна пропорција.

Уште од тогаш, на многумина им бил интересен процесов на празнење на Дримов и то од една едноставна причина – пенине шо се создавет од струјана на водана, ко че е спуштена бранана, се губет. То значит дека од таму мојт да поминит сѐ шо претходно било заглавено од сечилово. И така еден ден мојот дедо  си ја кренал браната. Поминале неколку сати и ко се вратил да ја спуштит за да го донесит теков на водава во нормала, гледат од под мостов идат кошница. Во кошницата писмо, а на него јасно се гледат дека е напишано Атиноѓен. Скокат одма дедо ми во вода, ја фајчат кошницава со левата рака, а со десната испливјат на брегот. Уште пред да го прочитат писмово, одма трчат да видит кој го пуштил. Префрлат преку мостов, ојт на другава страна, али џабе – таму немат никој. Кејов празен. Го отварат сиот задишан писмово и читат:

„Ам, ја те сака!“

Дедо ми тогаш имал 20 години. Момичињата го сакале, али не до толку да почнет писма да му прајчет. Ама пак на кого и да му пуштет таково писмо, и колку и да не си ласкат чоек себе си, сите на крај го прајме то. Така и дедо ми. Се заљубил до уши.

 

  1. 2.

По пат почнал да ојт како крилја да имат. Почнал да потскоквит чоеков и да се понашат со сите љубезно. Дома му почнал да ѝ помогвит на мајка му и на татко му, пиел помалку, а пред момичкиве се понашал примерно зш секој можела да бидит таа шо му прајчат писма и шо го сакат. И така терал цела недела.

Некој ден одел пак да ја креват браната. Ја кренал, водава се смирила и тук наеднаш пак гледат кошница со писмо. Сакал одма да појт преку мост и да ја видит момата шо му го прајчат писмото, али ако го напраел то, писмото че му избегало. Се стрпил, скокнал и го истајл надвор. Без да се потрудит да се стрчат преку мост го отворил писмото.

„ Знам дека сакаш да знајш која сум, али стрпи се. Првата буква од името ми е „Д“ “

Дедо ми само шо не се онесвестил. Уште дента почнал само пред тие шо се викале на „Д“ да се понашат убо, а пред другиве си се вратил на старото. На таа буква пак биле само две девојки: Данче и Донка. Него пак му одговарала било која. Ги гледал, ги меркал, си фантазирал. Почнал ѝ на двете со огледала да им светит во очите ко че оделе по улица. Им давал јаболка и шо ја знамм сѐ друго. Како и да е, муабет со нив никако праење.

Од дома му го гледале на дедо ми и им одговарало шо е таков.

  1. 3.

Поминал еден месец и таман почнал да се нервират шо не добил писмо од Д. туку му се појавило дур кревал на бранана. Изнервиран решил да ојт наместо кон писмото, кон тој шо го пуштат. Се качил по скали, излегол на мостот и видел некоја во син фустан како трчат по кејон. Ја стигнал за 1 минута. Ко ѝ привикал за да се свртит, шо че видит – тетка му!

-          Ти ми ги прајчаш мор писмава цело време! – ѝ свикал.

-          Ја тете! Али почекај да ти кажа зш!

-          З`ш мори кукајцо!?

-          Па уствари мајка ти и татко ти рекоја „ И така ние му ја најдовме жената барем да му напрајме интересно да му е!„

-          Значит стварно постој „Д.“ само  шо вие во нејзино име ми пуштате писма!

-          Така некако. Немој да се љутиш. – му рекла ова, а овај се насмеал.

-           И која е? – ѝ викнал срамежливо – Данче или Донка. А?

-          Не бре – му викнала тетка му – Даница се викат. Од Присовјани е. Татко и е Црногорец. Татко ти кажвит дека ко че одмарал викал „ И одмарање е глагол!“.

-          Даница, велиш? Уба е?

-          Не ја имам видено.

-          Добро, ко така ел да ја спушта бранана и че ојме накај дома заедно.
Ко пошол дедо ми дома му кажале дека тие му ја сплетиле играта.

-          Ајде, облечи се. Ојме да ја запознајш жена ти. – му рекол татко му.
Тргнале накај Присовјани. Мојте да замислите како му било дур се појче и појче се приближвел до неговата идна жена. „Ам ако не е уба?“ си мислел „ Шо  прајме тогаш? Че морат да бега од дома или да се жена со сила“. Стигнале до кујчата. Ко ја видел Даница, дедо ми автоматски заборајл и на Дејана и на Донка. Се заљубил пустиот до на небо и назад.

Татко му и мајка му на дедо цел живот ја раскажвеле приказнава. Викале дека дедо се заљубил во баба само ради писмата нивни, иначе демек немало шанси да ја земит за жена. Дедо пак тврдел дека не е така. Ја вика – кој знајт!? Можит само се погодиле три убај моми и една срејчна приказна. Шо викате а?