Мислев дека се асфалтите
дупките и старите дуќани по ќошовите
што не ме пуштаа да молкнам
да тивнам
тромави
искривени во темелите
болно загледани во времето кое минуваше Continue Reading
Category : поезија, поезија на македонски јазик
Камен. Студена творевина на еден голем дух. Да, беше тоа некакво густо езеро. И еден глас… Кој знае од каде се пробиваше. „Еве ви птици водилки“, рече, „зарем друго ви е потребно“, а потоа брзо се расеа низ влажниот воздух. Птиците летнаа. Тргнавме кон работ… кон границата позади која густината навистина беше! Како ли ќе се плива, помислив. Continue Reading
Category : поезија, поезија на македонски јазик
Не спие со денови
градот магичен
толку тивок
подлегнат на снегот
голема ладна комора
сѐ се умртвило
во пауза
Не спие со денови
ветерот
толку тивок, суров…
го гледам удира во прозорецот
го виори парчето од нејзиниот црвен фустан
што останало зафатено за гранките на дрвото
(од деновите кога се јазевме по него)
не слушам но треперам по ритамот Continue Reading
Дојде пролетта. Неочекувано како брзи прсти на пијано во некаков си заносен дурски потег ги разелени јаворите и нејзиниот опиум го расеа по градот. Во топлите ноќи чувствуваме како вселената се протега, брза што повеќе да голтне од небиднината, да ја загризе со својата челустата и колку повеќе сме убедени дека тоа навистина го сведочиме, толку повеќе сме сигурни: ние знаеме нешто што никој не го знае. Continue Reading
Category : поезија, поезија на македонски јазик
градот паѓа на коленици
џелатно утро го растопува асфалтот
се крши мојот сон единец,
се топи во небиднина
црновари битуменот!
будни:
јас во тебе
времето во нас
далечни роднини сме со светот Continue Reading
















