twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Обид за дијалог

Category : поезија

години во овој проклет плакар
ко изветвен капут
мирисам на нафталин
на закопан стих
на недоречени зборови
ко залутано писмо што никому не раскажува
архиви на пошти
луѓе трагачи
несвесни
затаени
уморни

Continue Reading

=

Category : поезија, ракописот на деновите

=
Чекорам долго под недофатливото небо. Мислите како низ умствена ерозија се тркалат и паѓаат врз асфалтите. Не погледнувам назад. Ноќва не сум тој што спасува! Оставам да изумрат, да се трансформираат и тие во бетон, во камен, во битумен… Но некои од нив, бесмртни отпадници, преживуваат и херојски успеваат да се фатат за мене. Се влечат по мене како тајни служби! Позади кулиси! Ги насетувам под површината на мојата сенка. Постојано јурат по мене и ме влечат назад. Како времето! Како животот! Како смртта! Continue Reading

Игра

Category : поезија, ракописот на деновите

 

носам празни ветувања покрај неколкуте ишкртани лисја во својот џебот. ладни есенски ноќи доаѓаат назад од небиднината. играм домино со заборавот. тој става празна црна плочка во редот и погледнува низ прозорецот. и нашите погледии се разминуваат во вечната ноќ, во краткиот миг на нашето избегнувањето. Continue Reading

каде си поету?

Category : поезија, ракописот на деновите

ноќва мириса на пот. умор се накалемил на градот. папоците на асфалтите се шират до болна длабочина. луѓето шараат по ништожните улици и мрморат во себе. старите демони се повикуваат на нивната тага и како сенки се влечат по нивните долги капути. Continue Reading

Постои нешто…

1

Category : поезија

на нејзината кружност

I.

потои еден мирис
сон за сон

длабоко во градот
длабоко во моќта…
длабоко во времето
длабоко и во ноќта

постојат и очи
свет за свет

во мастилав мрак
во обезлунет свет
во спирални шари
во железен цвет Continue Reading