twitter

Prev

Next

184 километри на час184 километри на час eзеро на пијаде 36 нафта на дримени панк на ристо крле 184 километри на час скопје облачно 3:28 перун горе велес долу не сум бил во велес собите си го јадат значењето ги менувам зависен...

Read more

Нова книга - „Секој со своето езеро“Нова книга - „Секој со своето...   Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта......

Read more

Стравот гради ѕидовиСтравот гради ѕидови   1. Зошто Ѕид?   Триесет години по завршувањето на студискиот албум „Ѕидот“, неговиот главен архитект Роџер Вотерс на својата официјална веб страна изјави дека на повидок...

Read more

Постои нештоПостои нешто на нејзината кружност I. потои еден мирис сон за сон длабоко во градот длабоко во моќта... длабоко во времето длабоко и во ноќта постојат и очи свет за свет во мастилав мрак ...

Read more

Мост холограмМост холограм Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че...

Read more

Сатурн шестСатурн шест Мислев дека се асфалтите дупките и старите дуќани по ќошовите што не ме пуштаа да молкнам да тивнам тромави искривени во темелите болно загледани во времето кое минуваше бавно бавноо и...

Read more

Бела музика (Кон Бариковата „Свила“) Бела музика (Кон Бариковата...   „Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика. Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика, напати те збунува: се свири бавно и се танцува бавно. Кога...

Read more

Инсомниа - преминување преку границитеИнсомниа - преминување преку...   1.Вовед   Бидејќи во фокусот на ова истражување ќе биде книгата Insomnia на Димитрие Дурацовски, нејзиното генолошко одгатнување преку расплетување на хибридноста на нејзината...

Read more

Екфразис [Разговори - Стевчо Наумоски]Екфразис [Разговори - Стевчо... Камен. Студена творевина на еден голем дух. Да, беше тоа некакво густо езеро. И еден глас... Кој знае од каде се пробиваше. „Еве ви птици водилки“, рече, „зарем друго ви е потребно“,...

Read more

ДопирДопир Не спие со денови градот магичен толку тивок подлегнат на снегот голема ладна комора сѐ се умртвило во пауза Не спие со денови ветерот толку тивок, суров... го гледам удира...

Read more

секој со своето езеро… Rss

Приказната за Пеце Рингла

2

Category : раскази, Штамата на Енхалон

Јеховини сведоци ѕвонет на една врата некаде во Битола. Се отварат вратата и се појавјат младо дете на околу 17 години, со права коса до над газот, боксерици и црна маичка со апликација кај шо глата на Исус е распната на кол, насекаде горит оган, а преку сѐ тоа пишит „666“.

- Извинете грешка – викет Јеховините сведоци и му се пулет со страв.
- Не бре чекајте. Имате од оние брошурине шо ги давате?
- Да, да имаме. Вие сакате?
- Да. Дајте ми – викат младичот, а тие му подавет, една бесплатна книга кај што истиот лик од неговата маица спокојно лежи на крстот.

Младичот влегвит внатре и ја трескат вратата. Наеднуш се слушат:

- Денвер, не оди по тоалетна. Најдов! Поминаја јеховини сведоци!

Е тој младичот погоре се викат Печур. Ја го крстив! За него моет да се напишет томој, ама засега само че ви раскажа само како си го изгоре газот на рингла, по што на името Печур му беше додаден прекарот Пеце Рингла.

Живееја заедно со Денвер и Џаџи во еден стан во Битола.

Еден ден Денвер мирен по природа си седел и си учел нешто. На Пеце му било досадно и му влегол во собата и од шо немал шо да прајт му го соблекол газот и му седнал на ринглата од шпоретот за на овај да му е гнасно да јадит. Денвер го избркал нормално и продолжил да учит. Арно ама, со Пеце ти не мојш туку така да се разбериш лесно. Пак му влегвел во собата, а овај пак го бркал. На крај Денвер престанал да учит и ја уклучил ринглата за да јадит стварно. Пеце бил во другата соба. Поседал малце таму и ко со детска наивност пак се вратил за да седнит на ринглата. Ринглата вејче вцрвенета го чекала. Влегол и со трчање гол се залетал накај шпоретот. Денвер не можел да го спречит и тој седнал на жешката рингла.

Овде слободно мојте да се присетите на она: „да седиш на жешка рингла една минута и со уба женска една минута – не е исто времето!“ И стварно не е!

Од ко Пеце паднал сиот со изгореница на својот дебел влакнест г`з никој не знаел шо да напрајт. Џаџи тука се покажал како вистински гениј.

- Сол на рана! – рекол – Од секогаш така пеет по песнине. Шо значит Денвер, давај сол и масло.

Пеце сиот во болки не ни можел да размислит колку е Џаџи грешка и дека не убо ги слушал текстојте од песните и на сета болка дозволил да му се ставит сол и масло на отворената рана. Колку го болело на Пеце тогаш, не сака да знам, ама сигурно го видел истиот онај Господ како се шетат по боксерици од болка.

Вечерта не успеал да заспиет и сабајлето отишле сите заедно на час. Студираја музика. Пеце одвај некако го издржал првиот час. Неоправдани еден куп! Поведение: нула! Ама шо че прајт . Ојт кај класниот и му викат.

- Професоре ја морам да се ослободам.
- Зошто бе Пеце сега? Што смисли овај пат?

Овај со срам и голема болка му рекол.

- Го изгорев газов на рингла!

Професорот останал зачуден. После долг муабет сватил дека детево е стварно во болка и го пуштил. Следен чекор, го зел телефонот и се јавил дома му:

- Татко, го изгорев газов на рингла. Имам отворена рана и изгореница.

Замислете вас да ви се јавет така. Шо че напрајте? Ништо. Че ја запалите колата и че појте во Битола да го земите.

После го средија некако. Една стара баба го измачкала на газот со маст. Ама то мојт само тој да ви го раскажит, јас не сум ни блику толку театрален како него.

Ко ми кажаа прво по телефон, а после во живо самиот тој за случкава, се смеев многу на почетокот,ама после застанав и му заблагодарив на богот студентски за добрите цимери.

Со Печур цимер никогаш!

Да беше тој овде гарант че го завршеше расказов во стилот на:

„Да ви се родит оџакон од Стружанка!“

Коментари:(2)

:mrgreen: za Pecur treba i film da se snimi.hahah

tocno e ova ijas sum svedok

Остави коментар