twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Оган

2

Category : ракописот на деновите, раскази

Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен кон секој што ќе го погледнеше. Оганот не можеше да го угаси со ништо. Во татко ми се раѓаше нешто, заоѓаше едно сонце, а се креваше друго, уште потопло и поопасно, и без разлика што медицината го тврдеше спротивното и скептично истураше вода и пепел врз жарот на неговата душа, огнот продолжуваше да телее во него. Се сеќаваше на младоста, ја облекуваше мајка ми во облеката која одамна не ја собираше, а таа не сакајќи да му противречи на лудоста, го слушаше како дете. Сите знаевме дека огнот кој се роди во него, силен и апокалиптичен, ќе трае кратко, но никој од нас не се осмелуваше да ги предвиди лузните кои ќе ги остави. 

Татко ми започна да излегува се поретко, а кога ќе излезеше се криеше под сенките на куќите и како некој призрак се пробиваше по маргините без да биде забележан. Го гледав како прелетува под стреите и како, молкнејќи го со себе стариот чадорот на дедо ми, левитира по покривите. Понекогаш ќе се нурнеше во црната река и го немаше со часови, за најпосле да излезе од неа, сув и потиштен. Во ноќите гледаше во луната и ја замешуваше со неговиот непријател, со окото на универзумот кое бавно и тајно се прикрадуваше низ неговите разговори дури и кога не светеше, оставајќи пепел врз подот – траги на кои им се враќаше во зората, кога одново распламтуваше кревајќи го него од креветот и будејќи не нас со него.

Гледајќи ладно на неговиот неспокој сите се надевавме дека летото ќе заврши набргу и дека есенската стихија ќе го врати назад во кругот на постењето. За жал погрешивме. Кога дојде есента татко ми продолжи да се врти по куќата и само повремено застануваше во камените подруми се дури тие ладни и мрачни не го потсетеа на дедо ми, после што се качуваше горе и започнуваше да мумла во себе. Тогаш и започна да се жали на петите. Кога газеше оставаше траги од црнила врз подот и тврдеше дека сѐ во него се претвора во ќумур и пепел. Мајка ми му ги мереше чекорите, му дуваше во вратот, го служеше со ладно пиво, но ништо од тоа не помагаше. Еден ден, најверојатно, гледајќи во нас и во својата беспомошна положба, целосно исчезна.

Деновите што следеа мачни и ладни ги зафрлаа своите остатоците во нашата куќа оставајќи ни нам се помалку простор за живеење. Темелите започнаа да попуштаат, ѕидовите ги губеа боите, топлината одмна исчезна и само минатите спомени, мирисите и насмевките на тој чудесен престигијатор сега се насобираа по ќошовите. Го баравме насекаде и како подивени шетавме низ бледата светлина на деновите кои се смалува надевајќи се дека ќе најдеме некоја трага од него, но се беше залудно. И токму кога се чинеше дека сѐ ќе се распадне и дека нашите трошни животи ќе се нурнат во неговото отсуство и ќе исчезнат засекогаш заедно со него, топлината чудесно се врати во нашиот дом. Со денови седевме обесени по прозорите и гледавме како мразот се нафаќа по улиците, како ги полни асфалтните амбиси на градот и се надевавме дека тоа е предвесник за неговото доаѓање.

Татко ми се врати заедно со првиот снег во доцниот јануари токму на денот на неговиот педесет и осми роденден, помал, поситен и измрзнат. Огнениот бунар, тврдеше, се запретал со снег и дека под таа снежна покривка сега се крие сѐ што може да се изедначи со неговиот дотогашен живот. Се обидуваше да направи ременисенција на изминатите месеци, да го истопи снегот фрлајќи му сол, но неговите обиди пропаѓаа во дупката на заборавот и несреќно го губеа тлото. И никогаш не успеа да се присети што му се случило за сето време додека го немаше. Во деновите што следеа често го наоѓав покрај огништето како гледа во пламенот со празни очи превртувајќи ги по безброј пати малкуте сеќавања кои што останаа во него. Го гледав како солзите му се сушат врз набрчканата кожа и длабоко во мене знаев дека додека е жив вечно ќе се сеќава на неговото последно топло лето и на жариштето кое сега прекирено со белина лежеше угасено во подрумот на неговата душа.

Коментари:(2)

Каков моќен стил! Секој чест.

Благодарам F

Остави коментар