twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Патувања

2

Category : ракописот на деновите, раскази

Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнуваше на усните, сето време и една фотографија на која ние во двојна експозитура пливавме во темно море. Во бледите на зората часови останував сам, а потем го минував времето лулајќи се во колевката на постоењето.

Ноќите, ладни и зафатени од мраз носеа меќава, а заедно со снегот, после неколку денови се враќаше и таа, со собата натоварена во голем брод. На гитарата редовни и недостасуваа жици. Губевме часови враќајќи сѐ на свое место, а книгите во кои се зборуваше за далечните земји и тајните патишта преполни со песок на пустини и степи, ги криев по најнепривлечните места на полиците, убеден дека е доста од патувања и дека така едно утро можеби нема да замине.

Најчесто читаше до доцна во ноќта, после што доаѓаше кај мене, незабележително ронејќи во моите уши одронки од наративи. Во тие часови нашите сенки играа магични игри на кои никој не можеше да им ги одгатнеме правилата. Напуштени од нив замислувавме како пливаме во Медитеранот заедно со големите желки и како со отворени очи јасно гледаме во бесконечното синило.

Пред зората ме будеше од длабок сон. Испреплетени со сенките помеѓу нашите тела поминувавме часови отплеткувајќи се, после што сѐ исчезнуваше, а кога ќе избледнеше и последниот мирис како од тунел ќе се појавеше нејзиниот глас, тивок, нежен и отсутен.

„Морам да одам.“ ќе речеше и заминуваше оставајќи ја собата празна.

Никогаш не дознав каде луташе додека ја немаше и дури ги минував часовите во совршена прозирност, ја замислував како ми се враќа повторно. Во мислите ја гледав како доаѓа по тесните улички осветлени од месечината, со нови мириси и нови приказни. И навистина секогаш се враќаше, ќе се појавеше на вратата борејќи се да земе здив, се извинуваше за собата и влегуваше внатре.

„Секогаш ја наоѓам…не знам како.“ знаеше да каже. Омекнував и ѝ велев дека не треба да се грижи.

И така до бескрај. Времето минуваше, а јас ги вдишував мирисите на нејзиното тело покрај мене, знаејќи дека наредното утро повторно ќе ја нема и само големите желки ќе останат да се препелкаат во сеќавањето, се дури еден ден не го донесе центарот на универзумот тука во мојата трошна соба, а осумтте страни на светот како во магичен квадрат не нѐ опколат засекогаш.

Коментари:(2)

:) ) te ima i ovdeka

sekako :) conman?

Остави коментар