twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сѐ: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Мостот, магичната труба и големиот бел галеб

Category : раскази, Стругата на Чудата (работен наслов)

На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам, туку ќе оставам читателот сам да го прочита и да донесе заклучок за истиот, го предавам во целост, токму како што беше објавен на самиот блогот, каде што всушност постои и денес, и каде што, скептичниот читател кој не верува целосно во моево писмо ќе може да го провери на следнава адреса: http://joldeski.com/archives/1942. Еве го расказот:

Мост холограм

 

Posted by Јолдески | Posted on 05-03-2011
Category : раскази,
Tags: Дрвен мост, Дрим, мост, МТВ, река, СВП, струга, холограм

Не беше то од нигде-никаде, ниту пак беше нешто у пичку матер неочекувано ко снег во јули или ко вегетаријанец вработен во лесковачка, туку си беше нешто шо сите знаевме дека че се десит кај и да е: падна дрвенион мост во Струга. Му попушти левата нога на кутриот, се скрши и протона в Дрим. И така остана. Никој ништо не напрај во врска со то и ко во Струга секој ден да паѓаа мостој, и ко Дрим да знаеше сам шо да си напрајт со него без да имат потреба тука да се мешет луѓето или недај боже власта шо имаше многу попаметни работи од кревање мостој и поврзвење црни брегој на црни реки, останаа остатоциете од мостот долу в тиња заглибени. Никој ништо не презеде – барем не првите години. Се деси – се деси. Почни да го забораваш зш нов нема да видиш уш еднуш. Кој го сликал, фотографирал, опишвел – убо, кој не – че го гледат од архивираниот материјал, од колективната меморија во крајна рака ебате, ако не од нејзе тогаш од имагинацијата – секогаш имат некаква резерва.
А беше март. Петти март. Петти март 2011. Студот ми ги собираше јајцата, ми го теснееше куров, мозокот ми смрзвеше, а мислите штури ми кочеа ко коњи пред длабока река. Шетав по кеј и можда бе првиот, ако не и единствениот, шо виде како жолтиот скапан дрвен мост се клатит, крцкат, пуштат душа. Знаев дека че паднит. Ако не одма, за десет минути сигурно. Умираше дрвениот мост од кој МТВ на времето ги снимаше СВП све дур камераманите не побараа бонус ради големиот ризик на кој шо се изложвеја дур ги снимаја поетите соочени со водата, а ја трчав накај Калабалак. Трчав и викав „Паѓаат мостот! Брзо сите! Паѓат!“ И за нецели десет минути (предноста на градот) едно чудо народ беше се довлечал покрај кејот. Сите собрани за да памтиме. Камери, апарати и очи. И бам! Падна! Колективна воздишка. А после штама. Све замре. Времето престана да постој.

Другиот ден – сите медиуми таму. Ги снимаа гредите шо се појавјаа од водата и почнаа на големо да го извезвет настанот по телевизија. Ден, два, пет… и толку. Градоначалникот без ингеренции, државата зафатена. Друг ден, други два, други пет… и на крај никому ништо. Никогаш не било. А народот струшки се бунеше, кршеше, палеше… ама се чинеше дека така уште поголема штета самиот на себе си прајт. Никој од ремен не го маваше и виде-невиде крени раце уморен.
Ама не остана све така. После години, таман ко народот се откажа, ко свати дека за џабе се черечит, види чудо: на местото кај шо беше мостот властите поставија холограм мост. Се зборвеше дека една од телевизиите шо се расправаше со такви маџии си купила нов – помодерен, а овој им го дала нив. Холограм бе – не е заебанција. И све беше пак на место. Поминвиш покрај кеј во Струга и гледаш мостот пак е тука. Дрвен, кафен, жолтеникав – треперит дур Дрим мирно ги врвит датумите. Е сега, не мојш да поминиш преку него – ама зато го личит на градов. И то холограмот беше верен! Зјапаш во мостот ко прост и не мојш да познајш дека е проекција! Посебно навечер! Многу туристи искршија нозе од шо беше реален. Че го видеја мостот проекција, че им се родеше желба од највиоскиот Струшки мост да ја видет реката и таман че зачекореја, се слизвеа надолу по тревата и трескаа дирекнто на мермерните плочки (исто така поставени за полесно кршење нозе). Изненадени и во болка можда – ама се смееја бе! Убо им беше. Сепак, мост-холограм не е заебанција, некаква евтина туристичка тракатанција…

Расказот на Јолдески, се рабира е фикција. За време кога овој расказ е напишан, големиот дрвен мост во Струга, попознат како „Мостот на Нина“ именувам по тогашната претседателка на Извршниот совет на Општина Струга, Уранија – Нина Попоска, сѐ уште постоеше. Дрвото му беше скапано, левиот темел од страната на кафаната Свети Никола навистина му беше клапнат и пред паѓање, штиците му беа гнили а на неговите влезови стоеше напис за забрането поминување. Ама сепак постоеше.
Група Wezdensky, отворено арт здружување на млaди одметници со револвери полни уметност, како што се нарекуваа себе си, група во кое самиот Јолдески беше член заедно со неколку други млади уметници од градот, на 12 март 2011 година, седум дена по објавувањето на краткиот расказ, решија истиот да го напишат на едно големо платно со димензии 6х3 метри и да го обесат на Мостот на Нина. Тоа и го направија, а утрото на 13ти белото платно со скратена верзија на расказот монументално се вееше на мостот пред распаѓање. Доказите за ова може да се најдат на нивната фан страна на групата на социјалната мрежа Facebook на следнава адреса:

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.187516164623806.36682.125046394204117&l=ceb4321ab8

Платното кое што висеше некаде до 19 часот, после што беше отстрането од мостот од непознати лица, го привлече внимание на граѓаните на Струга и иако голем дел од нив не можеа да го прочитаат текстот, зашто ветерот го брануваше на платното кое се спушташе се до темните води на Дрим. Како и да е, освен еден албум на еден стружанец објавен исто така на социјалната мрежа Facebook со наслов Sekojdnevnata lesnotija na bitisuvanjeto-Wezdensky, ваквиот обид на групата да стави акцент на мостот и да го постави прашањето за неговото постење не беше одбележан со некоја посилна побуна за градот кој од година во година се повече тонеше, како што членовите на групата милуваа да кажат, во калтта на политиката и малограѓанштината. Се разбира, тука останува и претпоставката дека нивниот гест воопшто не беше доволен.
Големиот дрвен мост во Струга, всушност, вистински беше урнат неколку месеци подоцна од страна на локалната власт. По таа повод градоначалникот Рамиз Мерко во една изјава за дневниот весник Дневник изјави:

 

„ Стариот пешачки мост неколку години наназад не беше функционален, беше тежок за одржување и не беше безбеден за минувачите. Поради тоа минатата година ние издадовме забрана за движење по мостот и го затворивме за минувачите. Бидејќи претставуваше грда слика за градот и го попречуваше видикот над сите мостови во Струга, одлучивме пред почетокот на летото да ја отстраниме старата конструкција и на тоа место да изградиме нов мост…
На местото на стариот мост ќе направиме мост од челик и од стакло, кој ќе има форма на галеб. Конструкцијата на мостот ќе биде таква, што пешаците од двата краја, освен што ќе преминуваат преку него, ќе може да се симнат директно на кејот на реката. Идејниот проект во 3Д-техника го работеа странски архитекти. Проектната документација веќе ги помина сите институционални и јавни филтри така што веќе може да се објави тендер за избор на изведувач.“

 

Тука ќе го објавам и коментарот на еден читател оставен по повод оваа изјава на градоначалникот, зашто сметам дека тука има место за дијалог:

 

трајко, 12.08.2011 07:52:26

Мостот си беше на место и по облик и по конструктивно решение. И од него се слегуваше на долните кејови. Меѓутоа за Мерко е тешко да се одржува и една клупа во парковите на Струга, а камо ли цел еден мост. Погледнете ја Струга под водство на Мерко во последните две години. Нити еден денар инвестиција во струшката инфраструктура. Нити една нова клупа. Во паркот кај машка плажа имаше 25 клупи сега има една и тоа веќе 4 години. Дупките по улиците незакрпени. Тротоарите на Ристо Крле имаат 3 години ивичњаци ,ама бекатони уште нема. Нема доволно место за пишување само уште ова. Зошто да слегуваме од новиот мост на долните кејови кога тие се непроодни од масите кои ги поставуваат кој како ќе стигне. А богами и ги заградуваат и ги покриваат со тераси и пет пари не даваат за Мерко или за било кој државен орган кој е надлежен да го среди хаосот во Струга. Во Струга нема маж кој ќе рече стоп за либанизацијата во сите области од живеењето. Или мажот е во Скопје и си чисти по дома кај опонентите.

И така летото 2011 година Струга ги пречека туристите без својот најголем мост. Од кејот, кој веќе не беше ни кеј, тука една голема долга кафана, стрчеа некогашните темели на мостот. Летото заврши, дојде најавуваната есен но никој ни одалеку не моеже да ја види најавената галебовидна конструкција. Сѐ што може да се види беа вистинските прегладнети галеби кои ја прелетуваа чистата вода на Дрим.

 

Некаде пак на 19ти септември 2011 година М.Б. се шеташе со својата труба по кејот на Црн Дрим. Кејот беше празен. М.Б. гледаше во темните води на Дрим и мислеше на светлината. Бавно се спушти надолу по кејот. Застана на бетноските темели од руинираниот мост и ја извади својата труба. М.Б. беше човек знаеше долго и непрекинато да гледа во небото. Така направи и сега, а откако помина еден час контемплирајќи и анализирајќи ги облаците ја зеде трубата и започна да свири. Од нејзината лимена шуплина се цедеш плунката на големиот М.Б. И тогаш се деси чудото! Мостот започна одново да се гради. М.Б. свиреше, а мостот се градеше. На кејот се насобра толпа луѓе. Сите гледаа со воодушевување. Дрвениот мост воскреснуваше од мртвите и токму кога стигна до половината, М.Б. неможејќи да поверува на сопствените очи престана да свири. Тогаш мостот се повлече во темелите како исплашен рептил. Народот ракоплескаше. Се случи чудо. За само неколку минути кејот од двете страни беше преполн. Стружани најдоа решение. Музиката на М.Б. градеше мостови! Тој повторно почна да свири, а мостот повторно се издигаше по звуците на магичната труба. Овој пат свиреше до крај, се дури некогашниот мост не ја допре другата страна на брегот и не се спои со темелот од онаа страна. После некое време уморен од дување престана да свири. Мостот на голема жал на сите повторно се повлече. Ноќта сите заминаа воодушевени, а низ градот на големо се зборуваше за чудесната моќ и магичната труба на М.Б.

 

Утредента градот беше во еуфорија. Граѓаните кои беа сведоци на воскреснувањето на мостот брзо ја раширија веста, па така утрото на 20ти септември повеќе од половина град, на чело со градоначалникот чекаа пред куќата на М.Б. Го разбуди вревата. Кога излезе на балконот одекна громогласен аплаус. Толпата започна да скандира. Немаше што да прави. Ја зеде трубата и заедно со нив се упати накај разрушениот мост. Ја извади трубата од куферот и толпата замолкна. Градоначалникот подголтнуваше. М.Б. започна да свири. И повторно бидна чудо! Но овој пат од темелите не се појавуваше Мостот Нина, туку сосема друг мост, величенствен, горд, извишен до самите небеса, светско чудо на кое би му позавидувал и Западот и Истокот. Кодот на музиката се транспонираше во код на величенствена постмодерна архитектура. Ох, колку само беа сите воодушевени. Но неговата плуќата попушташе и тој наеднаш престана да свири и започна да кашла. Тогаш боженствениот мост во истиот миг се повлече во темелите. Се слушна колективна воздишка. Толпата тогаш го крена М.Б. и започна да го подава неговото тешко тело наоколу. Новото чудо на Струга. Го спуштија дури по еден час. Сите сакаа да го допрат неговото величенствено тело. Тогаш бидна и договорот. Нема да се гради мостот – галеб, а наместо тоа со парите предвидени за градбата ќе му плаќат на М.Б, а тој секој ден по неколку часа ќе свири покрај мостот, за народот да го гледа чудото на векот! И секако, да најдојдат туристи.

 

Но да се навратиме на почетокот. Јолдески и групата Wezdensky беа разочарани. И може да се каже дека тие беа единствените разочарани иако до некаде успеаа да ја предвидат судбината на мостот. Разликата беше тоа што мостовите на М.Б. не беа холограми, тие беа црвсти и конкретни ремек дела по кој народот можеше дури и да чекори, иако повеќе им се воодушевуваше отколку што ги користеше за практични цели. Нормално, слично на расказот од Јолдески, во Струга нагрнаа туристи, само што тие не ги кршеа нозете туку се радуваа на уметникот кој што гради мостови. Веднаш покрај кафаната Св.Никола беше поставен и распоред на свирење, па така туристите, најчесто пред крајот на неговата мелодија се качуваа на мостот, а кога овој ќе се снемаше, паѓаа во свежите води на Дрим, радосни и исполнети. На сите страни се фотографираше.
Но како и секоја приказна и оваа има свој крај. Во случајов, помалку или повеќе тажен.

 

Некаде кон крајот на летото М.Б. гледаше во небото. Галебите се вртеа над неговата глава. Бели. Чисти. Гладни. Се воодушевуваше на нивата чистина, на нивната слобода и усмереност кон небото. Размислуваше како секој човек треба да биде како нив, повисоко од земјата – со клунот нагрнат нагоре кон стратосферата, кон месечината, кон бескончената вселена. Гледаше и кој знае како неговите мисли фатија по чудни патишта и тој наеднаш на сопствено изненадување, а подоцна и на изненадување на другите, реши никогаш повеќе да не отсвири ниту една мелодија. Без разлика колку го молеа и го преколнуваа, некои дури и му се закануваа, тој стоеше цврсто на својот став – дека никогаш повеќе нема да засвири!

Од мостот и денеска останаа само колковите. Никој не виде, ниту мост-галеб, ниту пак некаква 3D проекција на врвни архитекти. Сѐ си остана по старото. Сите чекаа на иднината.

За М.Б. пак се ширеја најразлични приказни. Некои викаа дека пишувал книга со критика. Други велеа дека постојано цртал некакви надреални галеби и ѝ се оддал на ликовната уметност. Други пак говореа дека го пишувал својот дневник. Четврти говореа нешто сосема друго. Во принцип секој со својата верзија. Но најинтересната приказна, речиси како во расказ, беше онаа дека навечер, најчесто после полноќ М.Б. излегувал на својата тераса и ги свирел најубавите мелодии некогаш слушнати: суптилни, во џез манир и што е најважно секогаш полетни, речиси космички. Свирел, но не градел мостови, ами наместо тоа се претсторувал во галеб кој во бел сјај го шарал мрачното небо над Струга, летајќи далеку над земјата, далеку од луѓето, стремејќи се нагоре и нагоре, како некој заебан, ама успешен Икар на кој ниту сонцето не може да му ги стопи белите сјајни крилја…

——————————————–

фотографија на слајд: Горан Ристовски

Остави коментар