години во овој проклет плакар
ко изветвен капут
мирисам на нафталин
на закопан стих
на недоречени зборови
ко залутано писмо што никому не раскажува
архиви на пошти
луѓе трагачи
несвесни
затаени
уморни
стојам
сега во ова минатото што се пласти тука до нас
во оваа прашлива сегашноста
ко запрен вагон
ко стар пријател до тебе
само ние двајцата
ќе се учиме на разбирање
на вештина на комуницирање
на што е,
а што не
лош обид да започнеш нешто одново
——————————–
слика на слајд: Robert and Shana ParkeHarrison















