twitter

Prev

Next

ОганОган Летото што дојде откако почина дедо ми во татко ми роди огнен бунар. Црвениот амбис за кој тврдеше дека му ја усвитува и топи душата се порбиваше низ неговите очи и исфрлаше пламен...

Read more

ПатувањаПатувања Оливија излегуваше рано наутро и без да знае земаше сѐ: мебелот, гитарата, перниците, сите минати сеќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време...

Read more

МаглаМагла Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Некаква црна птица удира во полуотворената ролетна....

Read more

Мостот, магичната труба и големиот бел галебМостот, магичната труба и големиот... На 5 март 2011 година, на веб сајтот на Ненад Јолдески осамна краток расказ напишан на струшки дијалект и сленг со наслов Мост Холограм. Расказот, кој тука нема да се обидам да го анализирам,...

Read more

Обид за дијалогОбид за дијалог години во овој проклет плакар ко изветвен капут мирисам на нафталин на закопан стих на недоречени зборови ко залутано писмо што никому не раскажува архиви на пошти луѓе трагачи несвесни затаени уморни стојам сега...

Read more

Дрвја со крошни под земјаДрвја со крошни под земја Дрвјата се оголени. Луѓето се повлекуваат во себе како полжави. Градот ја следи идејата. Метафорите ми се чинат испразнети. Дрвјата се оголени. Мислам дека се разболувам. Ги бришам...

Read more

Мајка ми, поплавата и краткиот расказМајка ми, поплавата и краткиот...      Eдно сиво септемвриско утро, мајка ми влезе во собата и ме разбуди. Сакаше да знае какви тоа раскази сме си подавале со татко ми. И одговорив како секој син: никакви, остави ме...

Read more

КуќаКуќа на О. Ладни ветришта во обиколка ja кружат куќата. Застудува. На прозореците удира ситен песок. Безбеден сум. Некој ѕвони на вратата. Поштарот. Ми предава минијатурно писмо. Се присетувам...

Read more

СпиралаСпирала Скопје. Чиј е овој расказ? На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: Станецот на Ками, Болен Дојчин на Сталев, Избор на драми на Стринберг, Одбрани...

Read more

Црно на белоЦрно на бело Сакам да го запишувам она што го сонувам, но понекогаш кога ќе се разбудам низ мислите ми се врти само тропотот на тешката чизма на темнината што ми дефилирала во сонот. Еве денеска....

Read more

ракописот на деновите Rss

Името ми е Владимир Лур

7

Category : Името ми е..., раскази

на љубовта, абортираните писма
и тагата на незапишаните стихови

Ноќите ми горат брзо како некоја кибритка, со оној истиот опоен мирис на барут, за некои толку одвратен а за некои пак сè – вечност во неколку мига. Вистински постојам само навечер и тоа како по непишано правило токму во оние часови и оние улички во кои често ги наоѓаме сомнителните патници во расказите на некои мрачни фантазери. Името ми е Владимир Лур и јас сум заљубен во една црна улична светилка.

Јас го презирам денот – зошто тогаш мојата светилка се гаси. Заспивам како некој грозен вампир веднаш и тоа, мислам во истиот миг штом проклетото сонце ќе го подаде првиот зрак од зад хоризонтот. Потоа сонувам смешни сништа. Посетувам школа за џелати. Сите вежбаат на кукли само јас на жолти топки. Јас сум изродот во класот, но сите веруваат дека еден ден ќе изградам  кариера која ќе биде прочуена дури до Јапонија. А веднаш штом се разбудам трчам кон мојата љубена. И ги проверувам струјните кола, и го бришам телото. Потоа ја прегрнувам и рецитирам до зората.  Името ми е Владимир Лур и јас сум вистинската љубовна приказна.

Мене ме сметаат за терсене човек. Од кога ја засакав светилката – цел свет ме избегнува, ми ја врти главата и го затина носот кога чека со мене на шалтер и се тоа зашто сум се вљубил во метална прачка! Пих! Нели љубовта немаше граници!? Па што тогаш ме покажуваат со прст. Има и такви кои ја подржуваат мојата љубов. Формираа и некакво здружение, кое фала му на бога – ме спаси од сигурна ќелија во еден санаториум. Протестираа, се черечеа и за тоа им сум благодарен. Ми кажаа дека испечатиле и маички на кои стојам тажен под мојата  светилка, а под сликата ставиле  натпис: Името ми е Владимир Лур и јас сум поет по судбина.

Домашните пак ги искинаа нервите со мене. Дојдоа до степен да ми купат бандера, зошто таа што ја сакам не им ја даваа. Кутрите… никогаш ништо не разбирале, но знам дека ме сакаат. Знам и колкава тага им предизвикуваа мојата љубена светилка – но што да се прави – подобро тоа него да плачат ако си свирнам куршум заради некој нивни ѕид кој јас не го гледам. Името ми е Владимир Лур – урбан страдалник на дваесет и првиот век.

* Прв расказ од циклусот Владимир Лур

линк до вториот расказ: Името ми е Магдалена Фо

линк до третиот расказ: Името ми е градот кој зборува

x92

Коментари:(7)

[...] This post was mentioned on Twitter by Slobodan Naumoski, Ненад Јолдески. Ненад Јолдески said: [нов блог пост] Името ми е Владимир Лур http://goo.gl/fb/vEHTd [...]

Аур :)

Бур :)

Гур :)

Дур :)

Жур :)

Зур :)

Ѕур :)

Јур :)

(13)ур :)

Лур :)

Мур :)

Нур :)

Фур :)

Цур :)

Чур :)

Џур :)

Шур :)

[...] линк до првиот расказ: Името ми е Владимир Лур [...]

Mnogu dobar raskaz, mi se dopaga zaljubenosta vo svetilkata :) vsusnost site si imame svoja pritaena ljubov na koja i se oddavame ponekogas misticna i nerazbirliva, toa ne e pricina za svetot da ne proglasi za ludaci.

SrekenRodendenNenAd

fosfor sine ,fosfor

[...] линк до првиот расказ: Името ми е Владимир Лур [...]

Остави коментар