Јас гребам со канџите врз денот секој пат кога дождецот пакосно ќе навали на градовите што ги посетувам и како магичен декоратор ќе ги исполни безбројните дупки во асфалтот. Тогаш бегаат стаорците… тогаш сите се присетуваат на Емпедокле… тогаш никој од нас на ништо не се сеќава … тогаш се кострешам. Името ми е Магдалена Фо и понекогаш заборавам кон кој правец беше љубовта, а кон кој омразата.
Continue reading Името ми е Магдалена Фо
Марил безволно кажа дека оди во тоалет.
Ја замислив: краток цветен фустан.
Дува топол ветер.
Се што е лесно насочува кон југ…
И се разголуваат нозете.
Не и се гледаат гаќичките.
Милиметарски.
Прецизен ветер во поле со пченица.
Врата се затвори.
Низ прозорецот го погледнав полето.
Ја немаше како пред малку.
Се обидував да ја замислам повторно. Марил.
Џабе. Не можев ни пченицата околу мене да ја замислам.
А ја гледав со отворени очи – таму беше. Ама Марил некако ја немаше.
Таа и не е таков тип…
Continue reading Марил
на љубовта, абортираните писма и тагата на незапишаните стихови Ноќите ми горат брзо како некоја кибритка, со оној истиот опоен мирис на барут, за некои толку одвратен а за некои пак сè – вечност во неколку мига. Вистински постојам само навечер и тоа како по непишано правило токму во оние часови и оние улички во [...]

